Кој планира кафенце со мене, уште од сега нека се откаже. Порано седевме на клупи и имаше искрен муабет, а не буљање во телефон
Кој планира кафенце со мене, уште од сега нека се откаже. Евентуално може негде надвор низ маало (сеедно во кое).
Два месеци преживеавме без кафе, пиво и вино. Ќе можеме и уште. Навистина не ми смета да се напијам кафе од кафемат или да си понесам во термос. Да седнеме некаде и да разговараме со часови со шише вода или сок, навистина не ми смета. Ем е кул, ем е економично. Зарем мора да сме во фенси четири ѕида за да направиме мубает? Апсолутно не.
Кога подобро ќе размислам и зошто да седам на кафе кога повеќето буљаат во мобилните, избегнуваат да прават мубает и едвај чекаат да си отидат. Зарем за тоа да си го ставам животот на коцка? Искрено не би, ако социјалните мрежи се уште им се поинтересни од мене, тогаш зошто воопшто да си губиме време?
Патем, на оние што навистина им значам, ми се јавија и тоа неколку пати. Па, сигурна сум дека дека ќе се сложат на ваквата дистанцирана средба. Иако сум човек кој обожава прегратки и гушка со сета сила, сепак после средбата со најдобрата другарка, сфатив дека моќта на потсвеста е посилна. И не велам дека параноичам, далеку од тоа. Само се пазам, за себе и своите најблиски. Прегратката се чувствува и кога не се гушкаш. Се гледа во очите. Да ти се плкунам на сите прегратки лажни кога ме гушкале додека наоѓале нож каде полесно да ми го забијат. Ако е за такви прегратки, тогаш не ми требаат никогаш. Нека се гонат и тие и нивните „нарачатели“.
Да сумирам: Два месеци ќе паднат во вода ако почнеме да се однесуваме како пуштени од ланец. Секој има право да го гледа своето и здравјето на најблиските, јас одлучив да се дистанцирам. Функционирам одлично. Ве разбирам и вас боемите, кафанџиите. Ама ако јас како „анти-кафеанџика“, умеам да одам на прослави и мушки да ги издржам, веројатно и вие можете да направите жртва за мене ако ме сакате и цените.
Јас го почитувам вашето право за забава и дружба, но ценете го и вие моето.
Да живееат старите денови кога седевме на клупа во парк(че). Кога искрениот муабет вредеше повеќе од буљањето во мобилниот.
П.С. Јас не се чувствувам дистанцирано, ниту изолирано. Напротив, се чувствував додека седев со празни луѓе кои кажуваа само празни муабети, а подоцна од нив за мене слушав секакви гнасотии. Сега знам дека секој кој ќе седи до мене, седи бидејќи му значам, а не за да му помине време.
Марија Прличкова
©majkatiitatkoti.com Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира