Кога последен пат ги гушна најблиските, им рече те сакам? Животот е премногу краток да бидеш некому гневен…
Вчера кошаркарите изгубија колега, човештвото легенда, а семејството остана без татко и сопруг. За да трагедијата биде уште поголема, заедно со 41-годишниот Коби Брајант, загина и неговата само 13-годишна ќерка Џиана.
Молк. Тишина. Неверување… барем кај повеќето од нас. А, за оние кои лично го познавале, не можам ни да замислам. Колкав само шок било тоа…
Онаков каков што секој ќе доживее кога ќе изгуби некој од семејството, од пријателите, од најблиските… онаков каков што никој не би му го посакал на душманот…
Кога дознав дека заедно со нив, вкупоно загинале 9 души, а меѓу нив уште еден татко и неговата ќерка, идна кошаркарка. Ми се стемни. Двајца млади татковци и две млади идни надежи згаснале за само шест секунди. Само шест секунди.
Сите нанижани успеси, сите капки пот, сите тресења пред натпревар, сите напорни тренинзи, сите борби да станат уште подобри… згаснаа.
И тогаш се сеќавам на гневот кај секој млад човек, кај секој родител. Еј луѓе, зарем не гледате? Животот е премногу краток да бидете некому гневен, лут… кога последен пат ги прегрнавте најблиските? Кога последен пат ги бакнавте? Им рековте те сакам? Кога?
Секој ќе успее. Секој ќе успее онолку колку што ќе се потруди и ќе може… но, еве никој не зема на кантар колку си успешен. Па, и најуспешните гинат, за жал.
И не, ова не е порака да не се трудите и да не ги бордите, но порака е да не ги форисирате. Не верувам ниту дека Коби ја форсирал Џиана, далеку од тоа. Но, знам родители кои никогаш не се задоволни од успехот на своите деца, а за возврат добиваат гнев и непочит.
Гушнете ги, бакнете ги. Кратко не има на овој свет. Не постои гаранција за успешен живот, но можам да ви дадам за среќен: Бидете секогаш до најблиските, верувајте им и поддржувајте ги. На секому му треба парче верба, надеж, топлина. На секому му треба: „Тука сум, не се секирај, и да не биде… пак ќе се обидеш“.
Јас верувам дека Коби премногу се гордеел со својата ќерка која сигурно чувствувала притисок да биде подобра или барем успешна како својот татко. А Коби, ја гушкал. Ја мотивирал и бодрел. Сигурно не ѝ велел мораш, туку можеш. Не ѝ велел ќе видиме, туку ќе успееш… бидејќи таткото е татко.
Коби и Џиана, почивајте во мир…
©majkatiitatkoti.com Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира