Оние, ретките
Во морето нервозни
отскокнуваат спокојните.
Не се обележани но забележливи.
Зрачат и не се свесни колку значат.
Немаат ореоли зашто не се светци,
немаат крилја, а анѓели се.
За жал, ги забележуваш само кога ти требаат.
Насмевка во ôд, неусилена поддршка.
Поткрепа во небрано, со зборче одбрано.
Ненаметливи, а не можеш
да го тргнеш погледот од нив.
Не те советуваат но совршени ги разбураш.
Не те потчукнуваат по рамо, ниту пак,
ги поистоветуваш со твојата мајка,
но слушаш дека ти велат:
ќе биде се во ред.
Посетено 1.403 пати