Јади или ќе бидеш изеден!

Кои сме ние? Ситни риби или огромни и крволочни ајкули?
За кого-како, за некого обична закуска, за некого тешко и неодоливо месо… Ќе јадеш или ќе бидеш изеден, зарем не? Каде е правдината во однос на големината на човековото срце? Каде е човечноста, искреноста, финоќата… ЗАМРЕЛА? ОТУЃЕЛА?
Не знам дали да кукам што уште некои не ме процениле доволно или да им се ситам на нивните безуспешни обиди да бидат нешто што никогаш нема да бидат… ЛУЃЕ! Но, не… Извинете… Мене домашното воспитување ме научило да ценам и почитувам, да не потценувам и да бидам дрска и безобразна, та секому да му го сервирам на ладно…
Ама пак, од друга страна истите тие ме научија дека сега и овде не смееш да бидеш јагне, кревко невино суштество кое ќе прерасне во ступидна ОВЦА! Истите тие ме натераа да се оперирам од срам, да им го кажам она што заслужуваат, да станам истиот ЅВЕР како нив…
И сега… пак ќе прашам… Што сме ние? Бидејќи колку и да дилемизирам, филозофирам… Не можам да го најдам одговорот…
Посетено 173 пати