Издрогиран нос и убави очиња

Мрзам кога чекам ред во ве-це
Мислам дека во тие моменти целата мочка
од светов е собрана во мене
За среќа еве ја искача девојката што беше пред мене
и ако добро приметив нема нос ??…свашта
Нема везе, нејзин проблем
„стварно нема нос“- искоментирав кога на казанчето
најдов еден нос и некаква прашкаста материја
„фала женска за „прашакот“ – и’ заблагодарив во себе
и го снифнав остатокот
„а со носов што да правам?..да и’ го вратам?“
Го гризнав малку и не е нешто посебно вкусен,
малку е солен вероватно од мрсулите
ама убаво го исушила од толку шмркање,
ќе ми се погоди за мезе со пиво
Се сместив на шанк, си пијуцкам од пивото
и го мезам носот и тогаш ми приоѓа девојката
„а бе пеер, мој е носот ?“- ми мумла нешто
“извини девојко не те разбирам“
„мој ли е носот?“
„мислам дека е …си го заборавила во Ве-Це“
„ќе ми го вратиш?“
„се разбира..ама не е цел“
„ауу што?… си го изел пола?…на ништо не личи“
„па јас ли сум ти крив што си се направила бербат
и го оставаш носот кај што ќе стигнеш?“
„знам, не си ти крив…и сега што да правам?- разочарано се прашува
„имам идеја како да ти компензирам.. да го допијам
пивото и ќе ти ја закачам флашата наместо нос“
„ок, ми одговара“- од прва се сложи
„сакаш нешто за пиење да ми правиш друштво?“
„може џин-тоник“
И така си пиеме и го мезиме нејзиниот нос
и ептен ни тргна муабетот, она и уствари
да ти била прекрасна млада личност
само ете малку скршнала од вистинскиот пат
„сакаш да идеме кај мене дома да гледаме филм
а и да ти ја наместам флашата, тука срамота, луѓе гледаат
– ја прашав кога го допив пивото
„може ..а кој филм?“
„Крале Марко и носот на Мурат“
„хаха што филм ти е тоа“
„историски спектакл, ама малце е порно“
„супер, обожавам порничи, имаш нешто за пиење?“
„имам колку сакаш, а ете можеме и мојот нос
да го мезиме, да бидеме фифти-фифти“
„да може…како не те сретнав порано?- ме прашува
и ме топи со плавите очиња
„ех, и јас исто се прашувам“
„ама нема да имаме деца , нели, ќе ги заебаваат
пошто ќе бидат без носеви“
„никако, ќе изнајмиме “ – се сложив со тоа
и пододлепени и среќни искочивме од кафиќот
……………………………………………………….
(за последнава изјава не гарантирам ама
глупо е одма да ја заебам, нели?… па што ако децата
немаат носеви се додека имаат убави очи како нејзините)

Посетено 5.299 пати