Исповеди на еден Психотичен Ум – шести дел

Се сеќавам кога беше ептен млада, крцкалче дури. Ништо не знаеше за светот и за грдите навики на луѓето, а камоли пак за нивните мрачни тајни, потиснатите трауми и девијации, фетиши и останати табу срања кои се навидум скриени, но времето така јако знае да ги открие. Да, беше срце од девојче, напредно за нејзино време. Постара беше од него и далеку поискусна. Сите сакаа дел од неа, момент насамо или во друштво, но битно она да биде таму. Таа беше сврзното ткиво кое ги поврзуваше сите. Без неа ништо немаше да функционира. Без неа ќе беше ко Југославија без Тито – еден тон потенцијал, но нула толеранција.

нов роман исповеди психотичен ум

Патот кон славата ѝ беше беспрекорно трасиран; сè што требаше да направи е само да се појави таму, таму каде што ќе ја викнеа. Но како во секоја бајка, така и во оваа, мора да има понекој вештер, до два. Во нејзиниот случај имаше повеќе. Јебига, време на транзиција, новопечени бизнисмени еден тон, а она млада и надежна манекенка. А тој? Тој мочко скопски. Грев невиден. Добро дете по душа, ама тежок анонимус. Кој фактор бил тој во градов, бре?
Не ни знам како се најдоа, случајно некако, преку Мирц изгледа. Урбана девојка беше таа, во тек беше со модерните технологии. Имаше ISDN во тоа време. Сама си го плаќаше. До толку кеш правеше од модните ревии. Се запознаа во живо, а он, нормално, инстант се заљуби. Он седумнаесет, она деветнаесет. Се дружеа често. Ќе го викнеше на некоја промоција, он таков андерграунд, во широко облечен, со долго и неуредно косиче, таа авион од рибетина. Постарите од шемата го гледаа и дури им беше жал да му се смеат. Тотално не припаѓаше таму, но беше тука за неа секогаш. Со совети далеку пред неговото време, секогаш знаеше добро да ја насочи и не пропушташе можност да ѝ даде до знаење колку ѝ се воодушевува и колку само ја сака.
„Прва љубов? За тоа сакаше да зборуваме?“ – праша Антонија.
„Сакав малку повеќе на таа тема, не знам зошто. Пред некое време ја сонував Марија, па мислам дека потсвеста сака да искомуницира нешто со мене“ – збунето и крајно несигурно одговори Симон.
„Што мислиш дека сака да ти каже?“
„Кој да знае? Знам само дека за многу работи се каам, во поглед на Марија, нели. Се каам како изиграв со неа, како завршија работите, како заврши она, а како јас. Ама за деталите друг пат, долга и широка е таа приказна, а јас уште не сум спремен да ја раскажам во целост. Уште немам муда.“
„А за што сакаш да зборуваме?“
„За неверство. Ама не за класично неверство, како кога маж ќе изневери жена со некоја друга. Не. Зборувам за многу поголемо неверство – едно множество на лаги, измами и маскирање кое има долготрајни последици. Едно комбо од изневерување на доверба, пропратено со кршење срце, блудност, алчност за моќ и позиција, несопирање на никакви препреки за да стигнеш до една цел која ти била болна амбиција, а која сфаќаш дека ништо не значи кога ќе дојдеш до неа.“
Слика од Тина, толку е чиста и невина, конечно моја. Физички оддалечена од мене, ама ја чувствувам ко тука да ми е, пред лице. Никогаш досега не сум бил олку нељубоморен, непосесивен, смирен. Тотална доверба во неа. Ме потсеќа на Марија. Марија ја повредив, се надевам нема и Тина. Бети излезе од под туш само со крпа околу неа. Долгата руса коса ја собра во чалма. Да му ебем матер, прв пат после толку години сфаќам дека плавуши одувек ми го дигале, ама дефинитивно паѓам на црнки. Тие ми се криптонајтот. Ја отвора ташната и вади џоинт. Дебелко сролано, пуно мудрост. Го пали во темницата и силниот сјај ѝ го осветлува лицето. Многу плитко гомно сум, ама у пичку матер е убава на фаца. Тетоважата на клучната коска светна. Шкорпија – спремна да укаса.
Го докрајчи тројчето. Со последниот дим ми дава шат. Белите дробови се полнат и држат. Еден ама вреден, јако срање. Немам веќе ни срам што ја изневерувам Тина. Јебига, не е тука, не се важи, така си се тешам. Маж сум ли што сум? Си имам потреби и јас. Бети ме турка кон креветот и само легнува врз мене. Ги осеќам нејзините гради врз моите. Тешко дише. Прималниот инстинкт во мене се буди. Не правам никакви потези, само длабоко вдишувам колку што ме држи плуќа. Од издишувањето цел стан се тресе. Инстантно силна ерекција и веќе нема враќање. Пред да има шанса да изреагира некако, ја грабнувам со двете раце и ја превртувам под мене. Не е денес денот кога она ќе доминира.
Мириса на млеко за тело, ја поминувам со нос покрај вратот и го осеќам мирисот на кожата. Тоа е оној уникатен мирис кој, кога ќе го детектираш кај некоја девојка, ти останува во умот засекогаш. Ако некогаш се случи да се појави некаде во природа, тој мирис веднаш ти ги активира сите сетила и те дразни како што не треба ти да ги дразниш животните во зоолошка. Онака, анималистички. И таа се ежи од тоа што ја мирисам. Со ноктите лесно ја гребам по двете раце од долу нагоре. Со едната рака го тргам пешкирот и ја допирам меѓу нозе. Влажност на ниво, спремна е веќе неколку минути. Страсно ја бакнувам и длабоко пенетрирам во неа со прстите. Целосно се препушта.
„Уште ли имаш кошмари?“ – го врати Антонија во реалноста.
„Понекогаш. Ама гледам да им избегам. Учев за луцидни соништа и како да ги контролираш. Полесно ми е така да си комуницирам со потсвеста отколку да работам напорно како што треба. Сакам шоркати, скратени патчиња“ – ладно одговори Симон.
„А девојките?“
„Никогаш доста, очигледно. Некоја опсесивна лакомост за повеќе и повеќе. Се осеќам како сексуален вампир. Ги цедам до крај и сакам уште, сакам повеќе. Тие кутрите појма немаат дека има други. Како би можеле да имаат кога на сите им давам еднакво внимание и дури и повеќе од доволно. А работам исто така турбо. И нормално дека нема простор за сомнеж. Дури и самиот не знам како постигнувам. Некако немам предизвици повеќе и затоа се туркам до екстреми. Сè што е невозможно ми е потенцијален предизвик. Еве, и ти си ми на листата на девојки кои морам да ги имам.“
„Зборувавме веќе на оваа тема, знаеш дека…“
„Знам дека си мажена, де, у реду. Не си единствената. Знам и дека си ми психотерапевтка, ама мало е Скопје. Тука мораш и треба да ми глумиш професионалка и незаинтересирана. Ама што ќе се деси ко ќе се начекаме во град некаде, некоја вечер. Ти онака излезена со другарки, женска вечер, полунапиени и оп – јас никнат во ист локал со вас. Да, ти вешто и умешно се справуваш со мене тука. Но јас сум ко куче, ако намирисам дека има простор, а верувај ми барем за тоа сум експерт, физички да намирисам фермони, е тогаш ќе те нападнам како лав газела.“
„Во тој случај нема повеќе да го имаме овој однос.“
„Можеби и не ми треба овој однос, можеби доаѓам тука пошто ова ми е последниот предизвик што ми остана. Ама дури и да е така, тогаш пак сум на вистинското место, бидејќи и тоа е проблем кој треба да го решам.“
„Не сум сигурна дали се ова прашања кои сакаш да си ги разрешиш или едноставно си дојден тука за да се обидеш да ме манипулираш.“
„Намерно наредив, фатив врски, да ме стават кај некоја понеискусна, чисто да можам да тестирам некои работи. Е сега бонус е што си згодна, барем вака е многу позабавно за мене. А инаку, да, си го контролирам говорот на телото, бојата на гласот и интонацијата, дикцијата, изборот на зборови… Не станав тоа што сум од ништо. Ова се години на обуки и макотрпна работа на себе за да можам лесно да манипулирам со луѓе без никој да ме пробие.“
„А што ти носи тоа?“
„Пари. Изворот на злото.“
Последниот пат кога ја видов беше пред свадбата. Ме погледна со солзи во очите и ме обвини за сè. И со право. Јас ѝ го уништив животот, а она од мене создаде монструм. Беше трудна со негово дете и немаше бегање од тоа. Влегов во соба да ја видам, изгледаше прекрасно. Дури и како невеста имаше стил. Лута, ми рече да се гонам во сто лепе пичке материне. Излегов од собата, морав, ама не смеев да си одам, имав факинг улога на свадбата. Која иронија.
Се завршија сите церемонии и дојде прославата. Веќе бев пијан и надуван ко змај. Следно нешто пукнав штрафта и веќе бев на аутопилот. Ора се везеа и чуда и се најдов до сестра ѝ. Ника беше веќе порасната. Девојка и пол. Деветнаесет години, дури единаесет помала од мене. Исклученото чувство за морал не помогна. Огорчен и рамнодушен, забележав восхит во нејзините погледи. Сурово, скотски и без трошка каење, ја фатив за рака и ја однесов во хотелската соба. Со стандардната рутина бргу дојдов до тоа што го сакав, но и до нешто што не сакав, а го добив и го одзедов… нејзината невиност.
(продолжува…)
Извор | Fail.mk
Расказот е извадок од романот – Исповеди на еден психотичен ум

[button color=”#000″ background=”#fff” size=”large” src=”http://majkatiitatkoti.com/author/psihotichen-um/”]Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот автор[/button]

Посетено 1.424 пати

Психотичен Ум

Психотичен Ум

Vladimir Ristevski (Psihotichen Um)