Инфлуенсери за здравје, патување и лајфстајл… Со што, врз кого и како мислите дека влијаете?!

Немам апсолутно ништо против овие „професии“, поточно хобија. Но, она што мене ме иритира е самопрогласувањето на некакво влијание во области за кои си немаат врска, но нели имаат огромен број на следбеници.

Го бришеш инстаграм профилот и БУМ! Не си ни инфлуенсер/ка, нит имаш некоја фенси „професија“… со само еден едноставен delete/deactivate your account.

Читам денеска едно македонско списание кое третира разно-разни „женски“ теми, и наидувам на некаква си тема за инфлуенсери со наши млади луѓе од 18-30 години, претпоставувам. И секој е инфлуенсер во својата област.

Не си инфлуенсер/ка за здравје, ако ставиш: смути, салата и покажеш 10 фотки од теретана. А, да те праша зошто треба да јадеш некои од продуктите, врска ќе си немаш да објасниш. Ама ти си инфлуенсер/ка. Тебе ти е опростено, заеби нутриционисти кој печеле диплома и доктори. Ти имаш 3.000 лајкови по слика, а не Д-Р ТОЈ и ТОЈ.

Не си инфлуенсер/ка за патување, ако имаш прошетано 10 земји (9 европски и една афричка: Египет) со родителите. Стварно не си. Инфлуеснери за патување може да бидат Ивана и Ману и слични ко нив. Мислам сериозно на што ќе се посочиш ако си бил во Лондон? Возење тура со црвениот автобус, посета на Мадам Тисо, посета на ноќен клуб? Океј. А замисли да отидеш во Танзанија! Со еден човек… е тоа е авантура и искуство…

Не си инфлуенсер/ка за лајфстајл ако посочиш каде има најубаво кафе, од кај си го купи најубавото фустанче или наочари за сонце. Секој може да има убав лајфстајл ако има малку повеќе парички во џепчето. Како велат: Ако не знаеш што е добро, прашај што е скапо. Иако, ова е релативно. Ако не го дрвиш со кафиња, а повеќе со добри совети, може и да поминеш.

Имаше уште многу потгрупи на инфлуенсери, за кои не сум ни знаела дека постојат. Но, човек учи додека е жив. Па, јас ќе се поштедам од било кој вид на инфлуенсер. Претпочитам да комуницирам вон социјалните мрежи, да изберам дожвиеавни спомени над направени фотографии од истото. Да земам здив и да прошетам низ луѓето. Лице в лице со нивните гримаси и насмевки.

На крајот на денот, секој ја избира својата среќа. Можеби за некого креирањето совршен живот е поим за среќа, но за мене е премногу внимателност, време и баш е комплицирано.

Кога јас би била инфлуенсерка за убавина, би советувала да се шминкаш што е можно поретко бидејќи убавината е релативна ствар. И ако секој ден изгледаш како за на свадба тргната, на свадбата нема да си никакво изненадување, жал ми е.

Кога јас би била инфлуенсерка за здравје, би ви кажала дека вежбам секој ден, но го кршам кодексот јадејќи џанки фуд и околу полноќ.

Кога јас би била инфлуенсерка за лајфстајл, би била во пижами, со неуредна шолја од флеки со кафе, со ширење животни филозофии… нах. И појма немам каде да си купите убави наочари за сонце, пошто носам наочари за вид. Јеби га.

И пошто би била превише реална за (не)совршениот Инстаграм, си останувам кај што сум. Да „блогерисувам“ за мојот совршено НЕСОВРШЕН живот.

П.с. Онака за крај, онака едно прашање: Со што, врз кого и како мислите дека влијаете? Еве јас како лаик прашувам…

п.п.с. Не хејтам никого… секој нека си го прави во она што е најдобар, само што за мене инфлуенсерството е многу посилна појава од профил на било која социјална мрежа. Јас пред МејкАпБајЛили и СеЗаТебеЛола, ги ставам на пример Шекспир и Оскар Вајлд.

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 1.354 пати