Можеби не е ти, но морам да се навикнам на него

mozebi-ne-e-ti-no-moram-da-se-naviknam-na-nego-1

Можеби не е ти, но ме бакнува слично на тебе.

Можеби не е ти, но ме гушка посилно од тебе, иако поладно ја чувствувам неговата прегратка, барем е постојана, за разлика од твојата која беше ретка како кокиче во пролет.

Можеби не е ти, но ме држи за рака за разлика од тебе, никогаш не ја дофати.

Можеби не е ти, но е добар, подобар од тебе, предобар за мене.

Можеби не е ти, но ме сака, ти ме земаше здраво за готово, затоа и се изненади кога навистина беше готово.

Можеби не е ти, но неговите гради се добра перница за глава, лоша за мојата совест навечер знаејќи дека тоа навистина не си ти.

Можеби не си ти, но морам да се навикнам него, морам да се навикнам дека е во ред, во ред е да не си ти, бидејќи никогаш повеќе нема да бидеш ти!

Посетено 6.817 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!