Другарувањето е многу повеќе од пиење кафе, пиво и одење заедно во кино!

Другарувањето не е само пиење кафе заедно, пиење пиво и одење во кино.
Другарувањето е заедничко самоспознавање, бескрајна поддршка и имање еден со друг за цел живот.
Другарувањето не е трачање, пеење глупави песни и одење заедно по концерти.
Другарувањето е довербата, познавањето еден со друг, лојалноста.
Другарувањето не е делење на пица, шминка и сметка на пола.
Другарувањето е умешноста да застанете еден покрај друг кога цел свет е против вас.
Другарувањето не е потсмевање, ругање, поставување замки.
Другарувањето е пронаоѓање на решение.

Не мора да сте другари цел живот, за да совршено се разбирате. Може да се знаете и година дена, а да бидете неразделиви.

Обично, пријателите паѓаат на најлесниот испит: „Колку ти навистина го познаваш другар ти?“

Ако не ви веруваат, тогаш зошто се во вашиот живот воопшто?
Ако ви поставуваат стапици, ми се потсмеваат и ве играат на малиот прст. Зошто ги имате?
Ако ви се ситат и пробуваат да ви ја уништат врската, тогаш зошто се уште пиете кафе со нив?
Ако го поддржувате она што го прават на вас, тогаш вие сте бетер од нив.

Марија Прличкова

Посетено 360 пати