Добро бе луѓе, што ќе правите со толку залихи? Да се земе се’ што можете, а за другиот, многу ви е гајле!

Корона вирус. Втор ден.

Првото нешто на кое ми паѓа на памет е општествената одговорност и совест кај граѓаните за останатите. Дочепивте се’ што можевте од тестенини, брашно, зејтини, дограбавте како да не постои утре… без ни малку да размислите колку оставате за другите.

Не дај боже да дојде до вистинската паника, кога нема да има кој да донесе храната. Ова е мала беба за тоа што допрва би можело, а и не мора.

Создавате паника онаму каде и ја нема, дозволувате медиумите да ви ги поматат умовите и да го искажете себичлокот на лице место.

Храна за мачки, кучиња скоро и да нема. Детски шампањ нема! Колку од вас купуваа детски шампањ! Трпате залихи за „ќе се најде, де“, а всушност, ништо нема ни да се смени. Класичен Македонец од кафана не искача, а не па у карантин дома да седи, Боже сачувај! Короната со ракија ќе ја лечи, а раце нема да мие.

Општествената одговорност и свест кај народот во вакви моменти е толку сведена на нула, наместо да сме солидарни…

Правете им арно на профитерите, ќе ви речат ОГРОМНО ФАЛА накачувајќи ви ги цените до плафон. За тој што не успеал да си купи, сега двојно-тројно поскапо да му биде.

Себични сме, дрски и безобразни. Мислиме само на себе, а очекуваме другите да мислат на нас. Жените ќе патуваат низ опасните зони за 8 март затоа што платиле и зошто нејќат да им пропаднат парите или да им се одложи патувањето. Тие торбата в глава, ние со прстот во уста. Ќе веруваме во моќта на институциите и нивната луда среќа.

Нека патуваат, патувањето е вистинска среќа… ич не ми смета. Но, едно огромно НО. Животот ви е пред се’, за се’ останато секогаш ќе се најде време…

А, и вие со залихите за година-две од сега… внимателно со лебот и тестенините, глутенот е навистина штетен. Не ставајте си во себе тивки убијци кои не носат име, а убиваат така нежно префинето…

М. Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 6.512 пати