Човек кој е заљубен не создава болка, туку напротив… тој трпи болка

– Извадок од „Моето име е Марла“

„Понекогаш жените свесно или несвесно влегуваат во врски кои уште пред да станат многу сериозни имаат траги кои укажуваат на насилство. Некои жени тоа го насетуваат и на време се тргаат, додека пак други стапуваат со таквите во брак… Тука станува уште потешко, се раѓаат деца… Годините поминуваат, а на жената ѝ е се потешко да го остави сопругот и замине со децата. Затоа и преѓеска ти кажав дека самите го одбираат тоа, ама гледав серија и затоа не можев да ти го објаснам тоа во целост. Порано во некои краишта од светот, за жал и ден-денес постојат такви затуцани места, жените понекогаш биле натерани од своите родители да стапат во брак со маж кој не го сакале и воопшто не ги привлекувал. Тоа го правеле со цел да ја сместат девојката во добра фамилија, кај оние кои биле имотно обезбедени со стабилни финансии, иако имало и уште пострашни ситуации, каде ги продавале жените како стока за пари… Ужасна ми е самата помисла на тоа… Родителите кревале раце од ќерката, до тој степен што дури и мајката да жалела не можела ништо да направи за да ја спаси. Нивната ќерка веќе припаѓала на друг и тука нивната одговорност едноставно престанувала. А, само за да не пукнал срам, таа останувала во семејство каде што дури неретко трпела и семејно насилство. Со други зборови разводот бил најужаносто нешто што можело да се случи во фамилијата. Но, за среќа имало и такви кои биле среќни и задоволни, секако.“

„Но, како? Сега кога жената има право на сопствен избор? Што е со она нешто наречено љубов?“

„Од жената или мажот?“, ме праша таа.

„Мажот, мамо. Нели ја љуби? Нели сам ја одбрал? Нели не му била ниту наметната, ниту пак купена?“

„Чедо мамино, немој да живееш во заблуда, пиле. Тој ниту ја љубел некогаш, ниту пак некогаш ќе се заљуби лудо во неа. Човек кој е заљубен не создава болка, туку напротив… тој трпи болка. Зар човек кој љуби некого би дозволил некому свесно да му создава болка? Одговори ми?“

„Па, не… Но, зошто е со неа тогаш?“

„Како и секој маж, тој сака да има фамилија и деца. Некој тоа го прави со цел да покаже дека има најнормален фамилијарен живот, има каде да ја истури својата течност и е способен да прави и по десет деца ако треба… тоа е ништо друго освен искомплексираност, мила… Јас така би го означила тоа… поинаку не умеам… Мислам дека коренот на тој проблем кај мажот лежи уште во нивната најрана возраст, додека се уште деца, ме разбираш? Ако некое дете гледа од својот татко дека ја тепа својата мајка, тогаш постојат два екстрема кои може да ги потфати или пак отфрли односно да не ги прифати. Првиот е да стане ист како него затоа што гледа дека посилниот го тепа послабиот и верува дека така треба, па во својот татко гледа херој… Или пак ќе стане лев, што е поретко, односно во тој случај зема пример од мајка си кога ја обожува до тој степен што ќе почнува да ја имитира, да ги прифаќа нејзини манири итн. Сè на сè луѓето кои излегуваат од ваквите семејства како нормални без да отидат во било кој екстрем во глобала се ретки, но сепак постојат.“

Посетено 4.348 пати