Полжавот, кравата и Ѓоко садистот

Си купив полжав.. ..убав, со спирална
куќичка на 2 спрата, зелени рогови
и згодна фаца… добро, излажав , беше
одвратно ружен во фаца ама па и пекинезери
не се лепотани па пак ги чуваат како миленичиња
После неколку дена ми вика
„ај да идеме надвор да протегнам нозе
се укочив во станчево твое“
„ај не ме дупи, немаш нозе“
„добро де, да полазам малку на свеж воздух“
Ок, го изнесов надвор и го спуштив на тротоар
„а ти не ми правиш друштво?“
„еве ти правам“
„не така, легни до мене и заедно ќе ползиме“
„ај не биди смешен, што ќе кажат луѓево“
„ајде те молам, сакам да разговараме ама
не можам кога стоиш, еве гласот ми се фати од викање“
„не можам, ќе ја скинам облеката“
„соблечи се, еве и јас сум гол“
„еден гол што да ти кажам..цела куќа носиш на тебе“
„па земи го и ти станот и качи го на грб па ќе бидеме исти“
„баш си педер, да знеш“
Се соблеков, легнав до него и почнавме полека да ползиме
„мамо мамо зашто е чичково гол и зошто ползи“
-се слуша глас на некое дете
„затоа што е мрднат..и не го гледај“
„ти си мрдната краво една“- и’ вратив
„Ѓокоо, овој ме нарече крава“- викна „кравата“ по тој Ѓоко
Пред да се освестам типот почна да ме шутира со цела сила
и откако ми испокрши неколку ребра се смилува и престана
„а ти краво што гледаш во него, мерак ти е
да гледаш голи мушки, а?“- го слушнав а после тоа и
неколку добро познати звуци на шамарање
„слушај ај да идеме да лазиме во тревана,
тука не е баш пријатно“ – му викам на полжавот
„да, имаш право..многу нетокму има меѓу вас луѓето“
И така тргнавме да лазиме преку улица ама не можам
толку брзо да лазам колку што можат колите да возат
„слушај полжавче, мислам дека е попаметно
да те земам во рака
и да претрчаме преку улицава, ќе не’ згази кола“
Ама касно ми текна, еден аутобус со цела сила ми
помина преку нозете , ми ги сплеска за асфалт
„е касно е сега, и онака немаш више нозе“
-искоментира полжавот и продолжи
Ги погледав нозете за последен пат, замалце ќе пуштев и солза
ама тоа е, продолжив и јас да ползам
„мамо мамо види на некој чичко му ги сплескале нозете“
-го слушам познатиот детски глас
„уфф само да да порасне детево, ќе го скршам“
-си мислам кога веќе сум на безбедно во високата трева
„зоки каков звук е ова?“- прашува полжавот
„тоа е … нееее.косилица за трева..ќе не испосече“
„брзо сокри ме не некако“ – панично ме замоли
Кај да го сокријам?..да ,ми текна, го ставив во уста
во вистински момент пошто косилицата помина
преку мене и на конфети ми ја исече едната рака
и целиот стомак
Го извадив од уста преплашениот полжав
„многу смешно изгледаш кога се тресеш од страв,“
-не издржав а де не се насмеам
„а ти мислиш убаво изгледаш.. види се само – глава и една
рака остана од тебе“
„е да, сега веќе не можам ни да ползам, што да правам“
„идам да викнам брза помош, ти не мрдај“
„и да сакам не можам, него ти додека да викнеш
помош ќе искрварам до смрт“
„е што да правам, фино те молев мобилен да ми купиш
ама касно е сега“ – ме погали со рокџињата и отиде
Не помина ни една секунда а веќе се
собраа чавки околу мене
„да го јадеме сега или да чекаме да умре?“
-прашува едната
„што знам..мириса на вотка..јас нејќам“-вика другата
„и на цигари, ни јас нејќам“-коментира третата
„уф добро е се спасив“- си мислам
„јас не сум гадлива ама ќе почекам да умре“
-пак се јави првата
Ебате судбината..цело време мислев ќе
завршам како храна за црви, не за чавки,
ама за инат не умирам брзо, нека пукне од нервоза,
„кокошка една“- ми се испуши на глас
„Ѓокоо овој пак ме вреѓа, ме нарече кокошка“
-леле не ми се верува, од кај се појави пак „кравата“
„пак ти..копиле едно, е сега си наебал“ – ми се
издра овој садистов Ѓоко и се фрли на тоа
што најдобро му иде – душмански да ме шутира
„Е сега ми нема спас, толку ми животот “
-ми пролетува последната мисла додека
ја гледам чавката како си врзува салфетка околу врат.
Стварно ебате судбината, а и на полжавот заборавив
да му ги оставам клучевите од дома …………

Посетено 490 пати