Синдромот Венди

Синдромот Венди често се поврзува со синдромот Петар Пан и е конципиран од истиот психоаналитичар Дан Кили

vendi-sindrom_image[dropcap]Ж[/dropcap]ените кои што го имаат синдромот Венди целосно се посветени на грижа на другите, на семејството, сопругот и децата, а притоа целосно се запуштаат и не водат грижа за себеси. Проблемот настанува тргнувајќи од тоа дека за соодветно да се грижиме за оние што ги сакаме, треба најпрво да се грижиме и да се сакаме себеси. Доколку овој однос се наруши, тој може да го наруши физичкото и менталното здравје.

Името на овој синдром доаѓа од детската книга „Петар Пан“ од шкотскиот писател Бари, а синдромот е востановен и развиен од психоаналитичарот Дан Кили – Dan Kiley. Венди е пријателката на Петар Пан, онаа која што се грижи за сè. Во најголем број случаи, овие жени се во врски со неодговорни мажи, кои што одбиваат да пораснат, или пак, жени кои што од премногу љубов, буквално го посветуваат животот на луѓето што ги сакаат, притоа губејќи ја самодовербата и почитта кон себе.

 

[button color=”#000″ background=”#9bc832″ size=”large” src=”http://pharmanews.mk/sindromot-vendi/”]Карактеристики на жени кои што го имаат овој синдром:[/button]

Посетено 278 пати

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk е портал кој обработува поширока тематика во доменот на медицина, фармација, исхрана и сл. и е наменет за широка публика која се интересира за своето здравје и исхрана со посебен фокус на медицинските работници.