Што значат емоџи симболите

[dropcap]А[/dropcap]ко една слика вреди 1000 зборови, колку зборови и чувства вреди еден емоџи симбол? Емоџи комуникацијата веќе стана релевантна тема за толкување од страна на семиотичари, лингвисти и комуниколози, најмногу заради сè поголемата присутност во секојдневната пишана комуникација на социјалните мрежи. Употребата на емоџи симболите е толку голема, што тие се користат за формирање на цели реченици.lugjeto-razlichno-gi-tolkuvaat-emodji-simbolite_image Дури и позната книга „Моби Дик“, е преведена на емоџи сликовен јазик. Исто така, денес постојат и таканаречени емоџи уметници кои што се служат исклучиво со емоџи симболи како начин на изразување. За да добиете претстава колку многу се користат емоџи симболите на само една социјална платформа, погледнете овде, каде што во реално време се прикажуваат сите симболи кои во моментот се користат на „Твитер“.

И покрај тоа што за емоџи јазикот се смета дека може да биде првиот вистински глобален јазик, сепак, во одредени ситуации, симболите различно се толкуваат од страна на испраќачот и примателот.

Заклучокот прочитајте го овде

Посетено 5.552 пати

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk е портал кој обработува поширока тематика во доменот на медицина, фармација, исхрана и сл. и е наменет за широка публика која се интересира за своето здравје и исхрана со посебен фокус на медицинските работници.