ЗОШТО САКАМ ГОЛЕМИ ЦИЦКИ

sakam golemi cicki
Само 28 минути ми фалеа
Само толку ми фалеше да ме роди една
богата грофица од Италија
Ме абортираше, глупача, не знае што дете пропуштила
а јас ќе бев богат и убав, сега сум само убав
Нема врска, после ме роди друга мајка,
оваа што ми е сега
во едно ноемвриско утро,
и толку беше грч ладно што сакав да се вратам
во стомакот ама едни тетки ме фатија
и ме намотаа како мумија,
ми пропадна идејата
Ама не се жалам, имав убаво детство
а мајка ми и да се кае џабе и’ е сега
Во мислите ме прекина една бабичка со зборовите
„дечко ај ако сакаш стани јас да седнам“
„не можам бабичке, труден сум
„ти труден, па не си женско?“
„ма по грешка голтнав трудното гуштерче
па исто како јас да сум труден“
„трудно гу?… ништо не ми е јасно“
„ни мене ама тоа е, сега се враќам од гинеколог“
Наеднаш еден дедо што вежбал боди-билдинг во младоста
ме фати за уво и
„доста сереш бе копиљ“ – ми се развика и ме џитна
низ отворениот прозорец на автобусот
Вероватно ќе се скршев да не удрив во
големите цицки на една што идеше на тротоар,
се одбив и нежно паднав покрај неа
„леле фала ти девојко што ми го спаси животот
ај ако сакаш поклони ми ги цицкиве“
„да ти ги поклонам?..ти луд си?.. ама ако сакаш
можам да ти ги продадам“
„ако, може за 8оо денари“
„еј малку е “
„немам повеќе“
„па добро, може“
„ама на 2 рати“
Ми мавна шамар и си отиде
Сеедно, од тогаш сакам големи цицики
Посетено 3.052 пати