Зошто личноста која ви го скршила срцето не може повторно да го состави

Ништо во животот нема да ве направи посилни или пак да ве зезне повеќе од скршеното срце. Во мојот живот, моето срце беше скршено само еднаш од една личност, и доволно ми е.

Вљубувањето не значи само да се вљубите во некоја прекрасна личност, за која сметате дека е една од најдобрите личности во светот. Тоа претставува да се вљубите во личноста која ќе станете кога сте со оној што го сакате.

Понекогаш личноста која ја сакаме прави да сакаме да бидеме не толку добра личност. Но, кога љубовта ќе направи да сакате да станете подобра личност, тогаш таа љубов може да го издржи тестот на времето.

Сепак, покрај тоа има и други нешта. Со вљубувањето се вљубувате и во она што верувате дека ќе биде ваша иднина. И најчесто, најмногу боли кога ќе го изгубиме сето тоа.

Кога ја губите љубовта на вашиот живот, губите и дел од самите вас- оној дел што ве одржува заедно. Го губите делот што направил да станете добра личност, делот што дозволил да бидете свои. Значи, кога ќе ви се скрши срцето, и вие исто така се кршите на некој начин.

Бидејќи постојат различни степени на љубов, постојат и различни степени на кршење на срцето. Во смисла дека најплитката љубов остава најплитки рани, а најдлабоката љубов го распарчува срцето.

Овој вид на кршење на срцето за кој јас зборувам е од најекстремниот вид- нешто што се случува само еднаш во животот.

Велам еднаш во животот, бидејќи откако ќе го доживееме тоа ние никогаш повеќе нема да бидеме исти. Стануваме други луѓе, луѓе со лузни и тенки нерви. На животот и љубовта гледаме од друга перспектива.

Никогаш повторно нашите срца нема да се скршат на истиот начин, бидејќи веќе сме ја изгубиле невиноста која дозволува таква ранливост.

Кога целосно ќе се предадете некому- со тело и душа- а врската не успее, тогаш го губите срцето. Не е важно дали нештата не успеале сами по себе или вие сте ги зезнале, не е важно дури и ако нема кој да обвините.

Ако бевте сигурни дека ќе ги поминете животите заедно, а сега треба да се соочите со реалноста дека иднината која толку долго ја баравте ви е одземена, е тогаш ќе боли. И тоа многу ќе боли.

За жал, тоа не е болка која брзо ќе помине. Потребно е време за да се залечи, а веројатно и ќе ви биде потребен некој за да ја залечи. Уште поважно, ќе ви треба повторно составување на срцето. Треба некој да ги земе делчињата од вашето срце кои се расфрлани по подот и да ги состави повторно. Прашањето е- Кој?

Одговорот е едноставен. Само еден од тројца луѓе во светот може да ви помогне кога патите од последиците на скршеното срце. Тоа би бил некој кој допрва ќе го скрши вашето срце, оној што ви го скршил срцето или вие- оној чиешто срце е скршено.

Секоја од овие три опции има свои предности. Пронаоѓањето на некоја нова љубов е најчестото решение. Повеќето луѓе се цврсто убедени дека пронаоѓањето на нова љубов која ќе го замени местото на старата е најдобра опција. И тоа поради добра причина- ова навистина функционира.

Ако се вљубите во нова личност, болката од старата љубов ќе си замине, барем за некое време. Проблемот овде е очигледен. Ова функционира се додека новата љубов опстојува.

Откако ќе згасне љубовта или врската ќе се прекине, голема е веројатноста дека скршеното срце кое го закопавте повторно ќе се појави. Единствената причина поради која нема да се појави е ако станува збор за болката од некое необично срцекршење. Новата љубов ја победува старата љубов исто како што новото скршено срце го победува старото.

Потоа имаме и втора опција- да се вратите на личноста која ви го скрши срцето. Чувствувам дека овде е потребно демантирање.

Иако е можно старата љубов да ви помогне, да го заздрави вашето срце и да ве направи посреќни од што некогаш сте замислувале- тоа сепак е 100% можно, но малку веројатно.

Личноста која ве ‘скрши’ никогаш нема да биде истата која ќе ве ‘состави’. Секогаш има причина зошто нешто не успеало. Дури и ако причината е само погрешно време или недостаток на зрелост, вие сепак сеуште носите доста багаж од последната средба.

Ако врската не успее еднаш, така ќе биде и секој следен пат. Кога ќе скршите нечие срце, ја губите неговата/ нејзината доверба.

Ако сеуште не верувате дека довербата е главниот дел од една врска тогаш вие не знаете апсолутно ништо за врските. Дали довербата може повторно да се стекне? Понекогаш, да.

Зависи од околностите, можеби ќе можете да преминете преку сите неисполнети ветувања, сите болни сеќавања, непријатни чувства кои се појавиле од никаде. Во друг случај пак, односно во повеќето случаеви довербата си заминала засекогаш.

Можеби и личноста која ви го скрши срцето ќе може повторно да го состави, но шансите не се на ваша страна. Ништо не е невозможно, но потрагата по неверојатното не е наш главен интерес. Понекогаш треба да прифатите дека тој или таа никогаш повеќе нема да се чувствува безбедно во вашите раце и да го/ ја пуштите да си замине.

Не е секогаш лесно да се продолжи. Понекогаш изгледа невозможно. Но морате да верувате дека ќе најдете некој друг во кој ќе се вљубите кога ќе дојде вистинското време.

Статистички гледано, невозможно е да не постои друг соодветен партнер за вас. Продолжете да барате, бидете трпеливи и ќе ја пронајдете таа личност еден ден. Додека да дојде тој ден обидете се да се средите самите себе.

Љубовта предизвикува толкава штета бидејќи ние дозволуваме да се валкаме во таа мизерија. Ние им дозволуваме на болните мисли и сеќавања да ги исполнат нашите умови и да се скријат и под дрво и под камен. Ние чекаме некој друг да ни помогне, а во меѓувреме уште повеќе сме скршени.

Можеби ќе пронајдете некој кој ќе ви помогне да го составите вашето скршено срце, но има само една личност во светот која со сигурност ќе го направи тоа на правилниот начин. Само вие можете да го составите вашето срце онака како што треба. Наоѓањето на друг љубовник може да помогне, но не е неопходно.

Глупаво е да чекате да најдете некој друг во кој ќе се вљубите или пак да чекате да се смирите со старата љубов. Еден ден, можеби ќе сретнете некој нов.

Можеби ќе се вратите на онаа личност која истовремено ве прави и посреќни и понесреќни. Не можете да чекате некој друг да ве мотивира да го најдете вистинскиот правец во животот.

Запомтете, главната причина поради која сакаме други луѓе е што тој или таа не тера да сакаме да се подобриме самите себе и животите кои ги живееме. Другите луѓе никогаш не успеваат навистина да го состават вашето скршено срце.

Тие само можат да ви помогнат. Бидете паметни и средете ги старите чувства пред повторно да се вљубите. Колку подобри личности сте, толку поголема е веројатноста дека ќе доживеете среќен крај.

Посетено 11.857 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!