ТРОЈКА

– Зоки дојди брзо кај менеzoki_trojka
– не можам сега.. во фрка сум на граница
-леле не знам што да правам?..
правосмукалката и фотељата…
– што со нив?
– се ебат
– како ма се ебат?
– така, се ебат.. како ние што се ебеме ама почудно
што да правам ?
– па не знам, сликај ги, придружи им се ,
не сум на нив љубоморен
– ама…
– извини..не можам да зборам…. ај после
Исклучив и продолжив да го глеадам Нико 8
Заврши филмот и си викам ај да идам до кај неа,
баш да видам што секс е тоа
Ѕвонам, Ѕвонам..
По 5 мин, вратата се подотвора, од другата страна
ја гледам фотељата, целата запотена
– отвори да влезам
– не отварам
– која си ,ма ти да не отвараш, викни ја девојка ми
– она ми кажа да не те пуштам, нејќе да те види
– штооо?
– ти прати порака..си ја видел ?
– не, чекај
Ја отварам пораката и читам „извини зоки..ама не те сакам више“
и фотка..она гола гушната со фотељата и правосмукалката
Ја гледам некое време и се нервирам…сепак сум бил љубоморен
Успеав некако да ја шутнам фотељата пред да ми тресне врата
и после џабе ѕвонев.. никој не ми отвори
Ок, тоа е, се помирив со тој факт,
се свртев и отидов дома
Си наточив убава домашна ракија, си ги подсредив мислите
и и’ праќам порака
„па што не кажа дека сакаш у тројка,
да знаеш каква фотеља-лулашка нарачав од интернет,
има партал да се правиме“
Ете ја после 15 минути ми ѕвони на врата
Одма и’ отворив..знам дека е курвиче ама ја сакам,
што да правам ?

Посетено 1.595 пати