ЕВН ако не те заебе……

Ме погоди апелот од ЕВН дека се во криза
и молат за доброволни прилозиdobrotvoren punkt evn
Цела ноќ не можев да заспијам од жал
и сабајле право таму да донирам ама
на пола пат видов многу интересно куче
„леле куче колку ти е убав принтот на кожата“- му викам
„каков принт?“
„па твојов, бело со црни точкици“
„јас сум Далматинец, сите имаме таква кожа“
„ај дај ми ја “
„кожава?..што ќе ти е?“
„девојка ми сака да носи овакви црно-бели комбинации
па ги има сите..клавир принт,
крава принт, зебра … само оваков нема“
„а јас што ќе правам без кожа ?“
„еве ти ја мојава облека“
„ебате вкусот за мода што го имаш, ќе ми се
смеат сите кучиња во маало“
„ај те молам..барем за еден ден, колку да се израдува
вечер ќе ја начукам и до утре ќе заборави“
„добро..да не те одбијам“
И така се сменивме, му ја дадов мојата облека на кучево,
неговата кожа ја ставив во ранче и гол
продолжив накај ЕВН
На првите семафори ме мерка една женска
„еј дечко секунда да те прашам?
„кажи девојко?“
„многу убава кожа имаш..пегава… од секогаш
сум сакала пеги“
„не се тоа пеги.. уствари се ама од изгореници од сонце
кога бев мал, не се природни“
„ако, ај дај ми ја“
„нема шанси“
„ај те молам.. ќе идам на тетовирање да ми направат
пеги како твоите па ти ја враќам за 2-3 дена
а во меѓувреме еве ти ја мојава облека“
„ок, како да одбијам така згодна девојка“
И’ ја дадов мојата кожа а јас
едвај се натакнав во нејзиното фустанче
Ја гледам овака гола пред мене, бомбонче
„стварно топ изгледаш гола..ех да немав женска!“
„ех и ја да немав дечко.. јбг, се гледаме за 2 -3 дена“
Во ЕВН не ме пуштија, не сум бил соодветно облечен
па разочарано си тргнав накај дома и на 20 чекори
лево од мојот влез
одма до исушеното дрво налетувам на девојка ми
„Зоки што правиш во женска облека?…
знаев дека си „педер“ ама не и дека стварно си педер“
„не ма, чекај да ти објаснам…еве види што
имам за тебе во ранчево“
„ма губи ми се, нејќам да те видам“- си отиде
Ме остави со подотворена уста.. ме скрши скроз
Му ја вратив кожата на кучето, си ги земав облеките
и после 3 дена ми се јави девојката со мојата кожа
Се најдовме вечерта, ми ја врати мојата
и тоа убаво испрана и испеглана ама гледам дека
она нешто не е нешто како што терба
„што ти е, некој проблем?“
„ми раскина дечкото, не му се свиѓа мојата тетоважа како пеги
„и мене ми раскина девојката, не и’ се свиѓаше
тоа што.. ма нема врска“
„глупи“
„дебили …ма нека си бркаат они работа, сакаш ние
да гледаме светулки во парк?“
„има светулки во април?“
„појма немам …ако нема ќе ги замислуваме“
Само слатко се насмеа ..и толку..
доволно ми беше, се заљубив
(башка што ми текна како добро изгледаше гола)

Посетено 835 пати