Зоки дојди ваму, ти звони фиксниот

Од многу одамна се моламPanasonic-phone-systems
Мислам дека почнав во основно
кога ме фатија дека пушам па се молев да
не ме казнат баш
тогаш, во петок навечер
Можда и не беше баш тогаш ама не е ни битно
Битно е дека се молам 7 пати дневно
ама пошто не верувам во ниеден бог посебно
се молев во сите општо-признати богови
и СЕКОГАШ во различен така да
ми се „потрошија“ за неколку дена па
се молев во апостоли и светци па во другари и роднини
и тие ги потрошив ама се снајдов
Отворив телефонски именик и се молев по азбучен ред
После милион години денес стигнав до еден лик
со исто име и презима како моето
Еј, чудно..ај баш ќе му се јавам да видам кој е
Се испружив на фотеља, го вртам неговиот број
и баш во тој момент ме вика девојка ми
„Зоки дојди ваму, ти звони фиксниот“
Идам во другата соба и ја дигам слушалката
на фиксниот Панасоник
што го украдов од канцеларија кај што работев порано
„ало“-викам зачудено пошто никој не ме барал со години
на тој број
„здраво, овде Зоки, не се знаеме ама исто се викаме
па онака чисто ме интерсесира кој си“- следеше одговор
И така разврзавме муабет едно 2-3 саати
Испадна дека сме на ист ден родени, родителите исто ни се викаат
и он учел во ЈБТ и седел до Тони, на исти места сме искачале
па и исти женски сме имале !!
Просто да не поверува човек !!!!
Во тој момент ме прикинува девојка ми
„само да ти кажам нешто“-вика
„не јас да ти кажам, кого сум упознал да з…“
„знам, знам, со еден што се вика исто како тебе,
исто школо идел, на исти места искачал итн.“
„еј од кај знаеш ?“
„па глупак низаеден, не знам дали примети ама
3 саати САМ СО СЕБЕ правиш муабет.. стварно си феномен..
него продужи си ти слободно,
јас идам надвор нов дечко да си барам“
Нешто ме збуни нејзиниот одговор, не ја сфатив баш
ама кој ја ебе, да не најде подобар од мене?
„леле Зоки знаеш ли сега што ми се деси?“
„не ..што?“
„замисли девојка ми ме откачи, отиде да си брка нов дечко“
„ауу, коинциденција..и мене исто..нема ни 5 секунди“
„Уаууу, него ај дојди вечер во Балет да се упознаеме“
„Балет?..па таму сум секоја вечер“
„супер, а како ќе те препознам?“
Наеднаш крах, хаварија… се прекина врската,
„исклучени сте поради неплатени сметки“-вика
некаков аутомат
Е кај баш сега на крај, како ќе се препознаеме вечер во Балет?
Ебате технологијата… и сметките

Посетено 722 пати