Знам да имам смотани денови ама вчера…

dva mobilni

 

 

3нам да имам смотани денови ама вчера…. 
Седев во Барбакан на шанк со еден пријател
и после отидов во Калдрма
Како што влегов направив 2-3 реда муабет со луѓето
на почеток на шанк, отидов на другиот крај и по некое време
брцам во џеб – имам 2 телефона, мојот и еден ист како него?!!
„ејј сум му го собрал телефонот на другар ми“ – си помислив
Шпринт назад во Барбакан, го наоѓам
ама не е негов телефонот
Ок, пријавувам на шанк дека
по грешка сум земал туѓ телефон
и му го давам на шефот
Се враќам во Калдрма
и после пола саат гледам некоја паника,
на еден му го снемало телефонот!!!
Ми се пали сијаличката и го прашувам дали овака изгледа неговиот
само од позади не е мазен него има топченца?
„да, таков “ – ми вика
„знам кај ти е телефонот…во Барбакан е, јас по грешка сум го собрал“
Дечкото ме гледа со прашалници „од кај во Барбакан кога цела вечер сум овде?“
„ај со мене ќе ти објаснам уз пат“
И така, важно се добро се заврши

Посетено 645 пати