Знаев дека е неволја, но се заплеткав во неа!
Беше од оние девојки што никогаш не седат во место, секогаш даваше луди идеи кои ми изгледаа непромислени.
[fblike]
Ја паметам вечерта кога заминавме заедно на планина, пусто место од кое се гледаше целата панорама на градот.
Ми ја фати раката и почна да прави бранови во воздухот, ми викаше пренеси ги брановите, среќни сме, тука сме, се смеевме до болка во стомакот.
Тогаш сфатив дека ќе ми стане болка во душата ако ме остави, бидејќи веќе длабоко се всадила во неа.
Ме заплискаа овие твои бранови, лудо едно си реков во главата, ја прегрнав и ја бакнав, не сакав да ја испуштам од раце, ми се заплеткаа рацете во нејзината коса, а јас се повеќе се заплеткував во таа неволја.
Малечка неволја доволна да направи енормна штета за само неколку минути, доколку ја снема макар и на секунда.
Не бараше многу од мене девојчето, сакаше само да и покажам дека ми значи, а јас од кур не ја акав само за да остане покрај мене.
Како викаат игнорирај ја таа што ја сакаш, ќе те сака повеќе!
Е не било така, јас ја игнорирав, таа се нервираше, но не ме сакаше повеќе, секој ден се губеше нејзината љубов во секоја солза пуштена за мене.
Го чувствував тоа бидејќи беше моја, но сега стана ничија.
Сфатив дека секогаш кога ќе ја оставев да излезе со другарките пет пати во неделата по ред, за да можам да гледам фудбал со другарите, ја учев како да живее без мене.
На крајот ученикот го надмина учителот, не да научи девојчето, доби петка и си замина.
Ми рече кој те ебе, можам и без тебе, клише знам, но вака беше…
Тогаш сфатив дека не била таа неволјата, јас бев неволјата, а таа кутрата се заплетка во мене.
Но, не беше глупава, се отплетка на време, се отплетка пред да се заплетка уште повеќе и никогаш да не излезе на крај со некој ваков како мене.
Но, јас не се отплеткав од неа, останав заплеткан засекогаш во нејзината наивност, искреност, она детинестото во неа, сериозноста на зрела жена иако се уште беше мало девојче.
Останав да се давам во тие нејзини бранови кои ги правеше на почетокот секогаш когаќе се присетам на таа вечер.
Вечер во која што ја помешав неволјата со наивноста!
Посетено 18.924 пати