ЖИВОТ ВО ПРАВ

Секоја флаша е добра скривница
од семејната Хирошима.
Мене ме сакаат шанќери со пластично срце.
Ќе ме сакаш ли со фризура
која мириса на 100та светска војна?!
Секој мамурлук е секс,
безусловен.
Ама не е проблем.
Шољата ќе проголта се.
Таа е другар од миљарда долари.
Ти дали имаш другар ко брат,
или брат ко другар?.
Кога си прљав да те гушне
а кога си чист да те гледа чудно::
Јас имам?!
Во моето лавабо капат солзи.
Газирани.
Како онаа вода за трезнење.
Убава.
….а барав нерви на старо.
Немаше, па си купив отров.
Па ти ме знаеш.
Не би се отровил јас залудно.
Секогаш имам повод.
и кога немам!

Посетено 464 пати