Женски Статус

Фејсбук статус: Дана Прелиќ
zenski status_majkatiitatkoti[fblike]
.
Колку да се трудиме ние жените на (од) 40+, 50+..итн не можеме да изгледаме како девојчиња, а башка не е ни природно. Како што се наближува летото гледам се’ повеќе жени спржени во солариум со упропастени црвенкасти лица од пуста желба да изгледаат ’’лагано преплануле и млаЏе‘. Е не може тоа дечки. Не можеме да одиме против природата. На секоја жена и’ се познаваат годините, минутите и секундите, само што може да биде одржана или не, зависно од животните околности. Не велам дека треба да се запустиме и да фураме ’природна лепота’. Напротив. Треба да сме негувани, средени, чисти, шизички облечени (дакако) арно ама задолжително да си ги носиме годините под мишка. И најважно од се’ е дека си старееме заедно, генерациски.
П.С. Кога ќе пукне четириеска надвор статусов не важи 🙂 🙂 Дозволено е вадење на мегдан свадбарки – мајчински раце и стари колена 🙂 🙂 🙂
Посетено 6.612 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!