Зависноста од „Фејсбук“ врз мозокот влијае како кокаин

Научниците откриле дека користењето на „Фејсбук“ влијае на два делови од мозокот одговорни за системот на наградување – амигдала и стриатум

[dropcap]Н[/dropcap]аучниците уште поодамна докажаа дека неумереното користење на социјалните мрежи предизвикува депресија, меѓутоа сè уште не беше познато на каков начин зависноста од „Фејсбук“ влијае врз мозокот. И покрај тоа што поминувањето на време следејќи ги новостите на најпопуларната социјална мрежа се чини сосем безопасно, сепак, доколку дозволиме потребата да се најавиме на ФБ да започне да нè контролира, наместо ние неа, можеби треба да разбереме на кој начин оваа „потреба“ влијае врз нас и што точно се случува со сивата маса во нашите глави.

zavisnosta-od-facebook-na-mozokot-vlijae-kako-kokainot_image1Поранешните истражувања веќе ги споредија функциите на мозокот кај луѓето опседнати со интернет, со промените во мозокот што се случуваат кај коцкарите или алкохоличарите. Неодамнешна научна студија од Калифорнија, објавена во зборникот „Психолошки извештаи: Попречувања и трауми“ – Psychological Reports: Disability and Traumа, покажа дека зависноста од „Фејсбук“, на мозокот делува на многу сличен начин како зависноста од дроги, односно кокаинот или како зависноста од коцкање.

[button color=”#000″ background=”#9bc832″ size=”large” src=”http://pharmanews.mk/zavisnosta-od-fejsbuk-vrz-mozokot-vlijae-kako-kokain/”]Прочитајте го целиот текст и заклучокот овде[/button]

Посетено 470 пати

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk е портал кој обработува поширока тематика во доменот на медицина, фармација, исхрана и сл. и е наменет за широка публика која се интересира за своето здравје и исхрана со посебен фокус на медицинските работници.