Заебана работа се гените

genite na panker_majkatiitatkoti

Чудна е нејзината судбина.
Сите деца се раѓаат како бебиња
само она се родила како слепо црево со 2 очиња,
Сериозно, има фоторафија ама срам и’ е да ја покажува.
Не се знае зошто така, мајка и’ била поприлично
издрогирана кога затруднела па не се сеќава на таткото.
Ама по некое време слепото црево се воспалило
и морале да го извадат
па така останале само очињата.
За среќа биле многу убави и стално ги ангажирале
во реклами за Прокулин, цвикери и сл
и од парите си купила тело со убав секси гз и таман цицки
За жал заборавила глава да си купи
па наместо брадавици имаше очи
а устата и’ беше на стомак.
Случајно се упознавме во кафич.
„еј и ти немаш глава?. баш си одговараме,
сакаш да се фатиме?“ – ме прашува
„ма имам глава само изгледа прееска
ми падна во шоља кога повраќав, не сум сигурен“
„па како ќе ја најдеш?“
„немам појма, ми е гајле, пијан сум,
сабајле кога ќе се отрезнам ќе мислам на тоа“
„А како ме гледаш и збориш без глава?“
„што знам, некое 6-то сетило а ти зборам од стомак
како оние куклине“

„Дечко твоја е глава нели? – ми приоѓа келнерот
„еј да, кај ја најде?“
„па си ја запушил ВЦ шољата и ја извадивме“
„фала многу“ – и си ја вратив на место
„Ете сега те гледам..па и не си баш некоја лепотица“- и’ викам
„па што ако, ама имам тело авион, сигурен си дека
не сакаш да се фатиме?“
„не можам стварно, џабе некоја да е згодна
ако не е слатка кога ќе се насмее, извини“
„да, во право си.. ама што да правам?“
„имам еден другар што се пали по авиони,
и не го интересираат фаци, малку е чуден
ама сакаш да те запознам со него“
„Па може“ –
И така се запознаа, се фатија и земаа
Првото дете што им се роди беше само глава,
второто радијатор, третото се роди политичар
а дури четвртото искочи нормално бебе
Заебана работа се гените!!!

Посетено 1.027 пати