Забрането е собирање капки дожд

[fblike]rain-drops-falling-animated
Го гледам како стои на дожд
со отворена кеса и нешто пребира по неа
„Што правиш бе Пеце на дождов?“ – го прашувам
„Собирам капки дожд “- смирено одговори
„Собираш капки?..што ќе ти се, ти ја исклучиле водата?“
„Не, сакам да направам природен огромен ВОДОСКОК“
„како ќе направиш водоскок од дожд?“
„па ќе ги залепам капките една до друга
и ќе личат на огромен, бесконечен, преубав водоскок“
„не ми е баш јасно ама нема врска, бракај работа
а колку капки собра до сега?“
„40“
„само 40 а пола ден седиш тука на дождов?“
„па ги чувам само убавите капки, другите ги фрлам“
„браво за идејата, искрено се надевам дека ќе биде
прекрасен водоскок ..а у ште колку капки ти фалат?“
„па според пресметките уште 3.160.000“
„штооо?.. па никогаш нема да ги собереш,
сакаш да ти помогнам?“
„да, би ти бил благодарен“
Стојам покрај него и ги собирам убавите капки
во кеса од Тинекс а лошите ги фрлам
Случајни минувачи не’ прашуваа што правиме
и им го објаснувавме проблемот
па многу од нив ни се придружија
Наскоро се собравме неколку илјади луѓе и
кога после неколку дена собравме скоро 3 милиона капки
ни пријдоа некои луѓе од „Завод за заштита на капките дожд
снегулките снег и звездичките што се појавуваат на замрзнати прозори“
и ни рекоа дека е ЗАБРАНЕТО да се користат капки дожд
за правење водоскок
„и што да им правиме на овие што више ги собравме ?- праша некој
„па пуштете ги на слобода“- одоговори власта
„извини а смееме да правиме ВОДОПАД со капкиве што ги собравме?
-ми текна да прашам
„чекај да видам“ – проверуваат по законите- “ не смее водоскок,
ни вештачко езеро, ни политичка партија,
ни да се извезуваат без согласност на Влада
ни да се перат јамболии…. ама за водопад не пишува, значи смее
-конечно одговорија
Јееее рипнавме од радост само Пеце остана нерасположен
„а бе што ти е живни малку, место водоскок ќе правиме водопад
скоро исто е само во раличен правец“- пробам да го утешам
„ама јас сакав водоскок“ -разочарано кажа
Од неговите капки дожд си направи бесилка и се обеси,
тука јавно, пред сите нас
Луѓето ги истурија собраните капки и потиштено се разотидоа
А јас?
Јас му ги земав кондурите на Пеце пошто се понови од моите
а ист број носиме и тргнав од врата до врата со петиција
„да се дозволи правење водоскок со природни капки дожд
без употреба на механизација“
Се уште ни еден потпис не сум собрал, ебате народот
Посетено 970 пати