За вистинските…
[fblike]
Најнапредните се на алкохол,
на хорс или се веќе мртви.
Медиокретите се најопасни –
суетни, злобни и осветољубиви.
Не верувајте им на непорочните,
ним дефинитивно нешто им фали.
Секој е невин додека не го заебат,
секој е виновен додека е над земја.
Небото е сино, бог е назнаен јунак,
ѕвездите и сништата, Калиопа.
Жените, само они заслужуваат
да им се поклонуваме догробно.
Сето друго е само некаков чад.
Познавав луѓе кои мислеа дека
можат да одат по месечината.
Ги закопавме под земја, а они
се на небото, можно ли е тоа?
Понекогаш ко да ги гледам
како чекорат по месечината.
Понекогаш само мижам –
сè уште не научив да
гледам под земја.
Посетено 499 пати