Враќање Во Иднината Со CX Серијата Од Cambridge Audio

Би сакале да презентираме нешто ново од Cambridge Audio – високо технолошки компоненти создадени за уживање и забава во новата дигитална ера.
После 30 годишна традиција и искуство во производството на hi-fi опрема, ентузијазмот и кулминацијата во дигиталната ера кај овој бренд се нарекува CX серија. Тоа е серија од која се одзема здивот кога ќе се погледне прецизноста при изработка, аудио перформансите, но и врвниот дизајн и репродукција кои ги поседуваат ама баш сите компоненти од оваа серија.

CX Серија од Cambridge Audio

Специфични детали кои ја карактеризираат оваа линија, а веднаш се приметуваат е специјално изработената шасија која не дозволува високи резонанци, а воедно и ја проширува соничноста и допринесува за точна и чиста репродукција. Туке е и аналогниот предзасилувачки и засилувачки дел кој во спрега со дигитално-аналогните декодери се клучот на успехот и кои допринесуваат за уникатното искуство кое само може да се посака слушајќи музика од овој систем.
CX Серија од блискуСите достигнувања кои ги носи дигиталната ера како: паметните телефони, таблетите и преносните компјутери, дигиталните аудио конвертори, мрежни поврзувања, размена на фајлови со висока брзина, интернет радиото и аудио записите со висока резолуција се основна карактеристика на CX серијата, а сето тоа со највисок квалитет при репродукција и комфорност при користењето.
Оваа серија на производи од Cambridge Audio е вистинскиот избор за луѓе на кои музиката им е голема страст, за таа да стане уште поголема, а животот поубав и полесен слушајќи квалитетна музика на квалитетно озвучување.
Посетено 302 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!