Во животот секогаш мораш да знаеш да бидеш сам

Имав денес средба со прекрасна жена од свои седумдесетина, може и многу повеќе години. Влезе во кафиќ , си порача кафе и запали цигара.

Сосем сама, толку стара жена немам видено да си го пружи задоволството на пиење кафе во кафиќ, не само поради финансиите, туку кај нас тоа е категорија која не припаѓа таму.
Глетката ми беше толку невообичаена за нашите простори што морав да и пријдам и да и кажам дека ме воодушеви.

Ми рече, во животот секогаш мораш да знаеш да бидеш сам. Очекувањата на нашите предрасуди дека староста е добра само во друштво се нереални и многу неизвесни. Треба да уживаш во секој момент во кој можеш и староста не смее да е врзана со тоа што очекуваат другите од тебе, туку што ти можеш се уште да си пружиш себеси.
Долг период нема живеено во Македонија иако е оттука, мислам дека тоа е сосема јасно 🙂

Фејсбук статус: Татјана Стојановска

Посетено 2.182 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!