Вистинскиот Маж Не Се Двоуми Кога Ќе Ја Пронајде Вистинската Жена
Најголем дел од животот го поминуваме во потрага по совршената жена, но дури и кога ќе ја пронајдеме сепак се двоумиме. Не успеваме да го направиме тој потребен чекор пред конечно да можеме да ја наречеме своја.
Што всушност е тој чекор? Тој чекор варира, односно зависи од паровите исто како и од фазата во која се наоѓа врската.
Постојат одлуки кои неизбежно морате да ги донесете, без оглед на тоа дали тоа ќе биде само да ја наречете ваша девојка, да и кажете дека ја сакате, да ја прашате дали сака да се пресели кај вас или да ја побарате за жена.
Никогаш немојте да се двоумите, вистинските мажи не го прават тоа. Тие донесуваат тешки одлуки бидејќи се свесни дека и тие одлуки мора да се донесат. Вистинскиот маж не се двоуми кога ќе ја пронајде вистинската девојка, бидејќи:
Тој сфаќа колку навистина е тој среќен човек
Вистинкиот маж е искусен маж, тој поминал низ многу неуспешни врски, запознал доволно жени кои не се вистинските личности за него, така што кога ќе ја запознае вистинската жена, тој знае што пронашол.
Тој нема да чека за да и каже колку многу му значи, бидејќи знае дека нема никаква поента во тоа. Изненадувачки ретка е можноста меѓу милијарда луѓе на планетата Земја да пронајдете личност со која сметате дека треба да го делите животот.
Доволно е зрел за да прифати обврски
Тоа не значи дека тој не се плаши од обврските, повеќето луѓе се плашат, но тој е подготвен да се соочи со тоа. Подготвен е да ги прифати сите измени бидејќи верува дека неговата жена вреди повеќе од сето тоа.
Можеби и се плаши од обврската, но не бега од неа. Тој се соочува со своите сравови, како што доликува на еден вистински маж. Без оглед на тоа дали тој се плаши или не се плаши од обврските, се додека е подготвен целосно да и се посвети на својата партнерка, тој е вистински маж.
Тој се обидува да и докаже колку е таа прекрасна и колку многу му значи
Поголемиот број на мажи, без оглед на причината, сметаат дека нивната партнерка знае колку многу им значи. За жал, во пракса се докажува дека е точно баш спротивното.
Освен ако таа не е видовита, вие треба да користите зборови и дела за да и го докажете тоа. Бидете секогаш покрај неа. Кажете и колку ја сакате и покажете и колку таа ви значи.
Вистинските мажи го сфаќаат ова. И што е уште поважно знаат колку е важно нивната партнерка да знае дека е сакана. Со двоумењето само и ја покажувате вашата несигурност и неодлучност. Со тоа само покажувате дека иако велите дека секогаш ќе бидете покрај неа, можно е еден ден само да станете и да си заминете.
Можеби сметате дека двоумењето е неизбежно, но во вралноста, често предизвикува неверојатна штета.
Тој се плаши да не ја изгуби
Тоа е сосема во ред. Вистинскиот маж се плаши да не ја изгуби својата жена и не се срами да го признае тоа. Таа веќе станала дел од неаговиот живот и ако ја изгуби неа ќе се изгуби и самиот себе. Таа е дел од него исто како и самиот тој.
Тој чувствува страв при самата помисла дека може да ја изгуби жената на својот живот и го прифаќа тој страв. Впрочем, тој му дозволува на стравот да го води и да му помогне да сфати колку навистина е важна таа жена за него.
Вистинските мажи се плашат- тие се плашат дури и повеќе од останатите. Тоа воопшто не претставува знак на слабост.
Тој смета дека таа го заслужува најдоброто и сака да и го овозможи тоа
Тој сака да е личноста која ќе и покаже нови места, заедно ќе пробаат нов вид на храна, вино и многу авантури. Тој сака да биде прв во многу заеднички искуства, бидејќи исто како што таа е дел од него и тој сака да биде дел од неа.
Тој смета дека сето тоа ќе вреди за денот кога ќе седнат, ќе се присетуваат и ќе се смеат на некогашните случувања.
Донесувањето на одлука со кој ќе го поминете животот е најважната одлука која еден човек ја прави во својот животен век.
Вистинските мажи одбиваат да станат причина поради која таа ќе жали за времето што го поминала со нив. Напротив, тие сакаат да бидат причината поради која таа ќе нема за што да се пожали.
Не постои доволно добра причина која ќе го задржи ни една минута повеќе
Всушност, не постои ниту една причина поради која би чекал. Се разбира, секогаш може да се најдат оправдувања или да фантазираме за некакви неверојатни сценарија, па дури и заблуди со цел да избегнеме да скршиме нечие срце. Вистинските мажи не го прават тоа, тоа се однесува само за кукавиците.
Најчесто, луѓето избираат да бидат слепи пред сите добри причини за крај на една врска. Повеќето врски се осудени на неуспех бидејќи се состојат од две лица кои не можат да функционираат заедно.
Но, кога ќе ја пронајдете вистинската личност, не постои доволно добра причина поради која можете да оддолеете, да се воздржите.
Можете да наоѓате секакви изговори, но тоа се само изговори. Вистинскиот маж е искрен со самиот себе. Кога знае дека ја пронашол вистинската- не ја испушта
Посетено 9.820 пати