ВИДЕО: Раде Шербеџија за Влатко Стефановски
Вака изгледа текст кога се пишува со љубов и почит и од срце, а не по протокол.
Раде во Скопје си доаѓа како дома, всушност он не си ни оди, само се враќа, дома. Си има многу другари и стари и млади, си знае да седне по принципот на скопска шема, да заглави со Медо-Горјан Тозија, Ана и Јана Стојановска, Влатко Стефановски….. ќе ни отиде денот ако ги редиме сите пријатели ….и кај Чамо и во Сокаче и во Џубокс….со пијачка да го превртуваат уметничкиот свет, да им доаѓаат идеи за Ослободување на Скопје(неговиот нов филм), да се сеќаваат на времето кое се мери “Пред и По Дождот” на чаробњакот Милчо….беше виден и во Кала, а останаа само фотографиите и убавите спомени од кај Мајка Ти и Татко Ти.
Да си ни жив и здрав Раде, македонецу наш.
Некогаш и Негде…во Скопје. 🙂
Посетено 997 пати