Ве-Це казанче со поглед на море
[fblike]
„А бе Баци искачај од вода забрането е пливање
во Вардар“ – ми се дере еден џандар
„Како прво не сум баци, белец сум, како второ
не пливам него…него….. него..ах да, си фатив
место за кога ќе се фрла крстот“- пробувам да се извадам
„ај не ми филозофирај, искачај одма“
Добро, нема заебанција со полиција и одма искочив
„и викаш не си се бањал а?“- ме гледа сумњиво
„никако“
„А зошто имаш пераи и маска за гњурење?“
„Ако ти признам нема да ми се смееш и да ме казниш?“
„Не, ако е смешна приказната нема да те казнам“
„Е па овака“ -почнувам
„Ги гледам моиве пријатели секој викенд
идат за Грчка, некои во Охрид
а едни дури и до Струга отишле
Да имав пари и јас ќе отидев ама немам
А немам ни када па да ја наполнам со вода
и да фантазирам дека сум на море.
Едина опција ми остана да се бутнам во ВЦ-казанчето
ама не ме собира,
дембелаана сум се направил зимоска од прејадување
и што да правам,
купив био-слим, турбо-слим, вита –слим, слим-слим, жими-мајка-слим
па конечно ослабев доволно да ме собере во казанчето
и така пливав, гњурев, ма уживав се додека по грешка
не го повлеков синџирот, водата ме повлече
и преку вц-шољата завршив во канализација
и конечно во Вардар .. и толку“
„хахахаха …еве ти казна 300 евра“
„ама зошто казна, нели рековте дека нема да ме
казните ако е смешна приказната“
„смешно ми е што си глуп, а приказната е тапа,
дај 300 евра“
„од кај ми пари, гледаш дека сум во купачи“
„е па тогаш ај со мене во станица“
И така, ми стави лисици и ме затвори
во ВЦ-казанче во Беко полиција.
Би му бил бескрајно благодарен на тој што
ќе влезе во станица, одма првото ВЦ лево и нека пушти вода
Има пијачка вечер од мене
Посетено 1.098 пати