Кога дождот трчаше по угорница

-Си ја читала новата книга од Алберто Моравија
„Кога дождот трчаше по угорница“?
-не, мислам не
-сакаш да ти ја раскажам?
-па ако немаш ништо попаметно да ми кажеш
-немам
-Па добро, не дека ми се слуша ама ај
Почнувам..Миа ме слуша без да трепне

kukla-sexyshop_majkatiitatkoti

Завршувам … Миа плаче
-што ти е ма, зошто плачеш?
-па мислев дека Роберто и Софија ќе се земат на крај,
не очекував дека кривата кула во Пиза
ќе им падне на глава додека он клечи пред неа
и ја бара за жена – низ солзи ми кажува
-Ама не плачи, се’ измислив, не постои таква книга
-штооо????… ѓубре едно – ме мава со ташна
-стоко една – ме мава со чадор за сонце
-лажго еден – ме удира со врата од зелено Пежо
точно во нос, носот се крши и од него испаѓаат
хартија од бурек, патент од јакна и завиткана банкнота од 100 евра
Ете кај биле парите, а јас се убив од барање,
прошлиот пат кога шмркав изгледа малце појако сум вовлекол
Одма и’ раскинав,
патентот го фрлив (не ми е јасно како ми влегол во нос),
хартијата ја изедов (уште беше мрсна од бурекот)
а со парите си купив женска од Валијант
Можам да ја лажам колку сакам а она само ќе ми се смешка
Идеална љубов

[button color=”#000″ background=”#fff” size=”large” src=”http://majkatiitatkoti.com/prikaski-za-mali-deca/zoki-panker/”]Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот автор[/button]

Посетено 604 пати