ВЕСНА ДАМЧЕВСКА

Сè што ќе кажам или направам пред да се напијам кафе, не важи“.
Во оваа позната изрека за кафето, што ја кажал некој поумен од мене, сосема се наоѓам.

vesna_utrinsko kafe
Весна Дамчевска – уредник на културна рубрика во Нова Македонија

Мојата прва утринска кофеинска инспирација за продолжување на денот ја конзумирам на мојата терасичка која има потенцијал да прерасане во цветна градина, иако почетоците не се баш ветувачки. Smile Откако ќе се надишам прекрасен скопски јунски мирис на липи, кафе и цигари (најмалку три) денот може да почне. Не сум од оние луѓе на кои понеделникот им е стресен, напротив, викендот ми е отповеќе доволен за одмор, па понеделнички со елан ги почнувам дневните активности во весникот Нова Македонија. По утриннскиот колегиум кој не ретко знае да се оддолжи до недоглед, го пијам и официјалното прво кафе надвор од дома и во друштво. Во последно време тоа е во дебелата сенка на кафе-пицеријата 511 што е во непосредна близина на мојата работа.

Посетено 719 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!