НАТАША АРСОВА ЈАНЕВСКИ
Наташа Арсова Јаневски
проект менаџер во Томато Продукција
Кафе не пијам повеќе од три години,едноставно никогаш не сум била негов љубител, но од друга страна пак,го обожавам мирисот на тазе измелено и убаво приготвено кафе. Денот обично го започнувам со голема чаша свежо цеден сок кој го пијам во друштво со ќерка ми дома или со шоља топол чај на работа. Не сум човек кој негува одредени секојдневни ритуали,едноставно денот ми е доста динамичен,па се обидувам да го “зграпчам” уште во првиот миг штом отворам очи.
Посетено 1.082 пати