Ден и ноќ…ама денот не е со “сите”

[fblike]den i nok_majkatiitatkoti
Се враќам полека накај дома во ниедно време ,
го знаете она време пред целосно да се раздени
и случајно ги начекав НОЌТА и ДЕНОТ
како си прават муабет,
ноќта само што завршува со работа а денот се спрема да започне
„и како си помина?“ -прашува Денот
„ма супер, имаше многу пијани, многу смешки
Нови љубови, растурени стари а и по некоја тепачка
ама се’ на се’ убаво вечер истерав.
а ти што планираш за денес?“ – го праша Ноќта
„па не знам, уште се мислам дали да им
пуштам 50 степени или да им мавнам некое невреме“
-се двоуми Денот
„па фрлај петка-глава“
„немам ништо ситно“
„ни јас немам“
„чичко Ден, јас имам ,еве ви 5 ден“ – се вмешав во разговорот
„кој си бе ти, можеш да не’ видиш
и да слушаш што збориме?“ – збунето ме прашува
„па можам“
„е како тоа ?..нас не можат да не видат луѓето како
живи појави, не’ знаат само како ден и ноќ, сонце и месечина“
„е па не знам како?..
можда ми е од дрогата, некои нови апчиња
или од водката, малку превише испив
или од од зденка-маслинка, како недопечена да беше
или зошто сум тажен
а можда сум среќен?… немам појма, важно ве гледам и слушам“
„добро, пошто више си тука кажи каков ден сакаш да бидам?“
„да бидам искрен, ако имам среќа ќе станам накај 4 поручек,
додека да се освестам ќе стане 6
и за 2 саати пак ќе се стемни
па више-мање се’ исто ми е,
ама ако можам да бирам сакам да врне цел ден“
-искрено си кажав
„а каков дожд сакаш?“
„па каков било, плав, црвен, светло-зелен….“
„ај не ме зезај, не врнам во боја,
само проѕирен дожд имам,
мислев дали сакаш слаб дожд, силен, олуја, невреме?“
„како сакаш ама без громови, да не се разбудам.
а зошто не врнеш во боја?,
како ноќта има црн дожд а ти немаш во боја?“
ДЕНОТ ме гледа збунето на овие прашања!!!
„ која е целта на твоето постоење,
во кој Бог веруваш,
за кого навиваш ,
што мислиш за егзистенцијализмот на Кјеркегор …“
-продолжив да го тупам
„еј дечко олабави малце со прашањата“
-почна да се нервира Денот
„а женска имаш?“
„Ај прекини да не ти направам нешто лошо“
„а имаш 100 евра на заем?“ – продолжив да аздисувам
Е тогаш каков гром ме мавна… мислам светнав како неонка,
се извадив од памет и косата ми се накостреши
„сакаш уште?“ – ме прашува Денот
„не фала, доволно ми беше..туу ама си нервозен од сабајле“
– и си тргнав накај дома
Само што отидов позади зграда, ја протнав главата од аголот
„а педер да не си штом немаш женска?“
„еј ќе те убијам“ – бесно извика
и ми пушти уште еден гром, огромен гром,
ама касно , на време се сокрив
Е така, сега можам на раат да си легнам
и додека јас мирно ќе си спијам
ВАС не знам што ве очекува,
нешто нервозен е Денов денес!!!
Посетено 1.301 пати