Уште Една Цигара…

uste-edna-cigara-1

Срцето ви чука забрзано, ритамот на раштрканите мисли се надоврзува со звукот на секое негово отчукување и заедно компонираат една мелодија која никако да ви излезе од глава.

Мелодија која ги опишува вашите нервозни вибрации што ги испраќате дури и до кафето и неговата пареа која ви удира во лице ви го скратува уживањето од секоја негова голтка.
Си велите во себеси, а можеби и на глас, уште една цигара, само уште една цигара и ќе го направам тоа!
Без разлика за што станува збор, цигарата или некој друг порок секогаш се причина која ја гледате како оправдување за одложувањето на работите во животот.
Особено оние важните…
Уште една цигара, колку пати ви се има случено истото и вас, драги мои?
Сигурно безброј.
Изгаснете ја таа цигара која ве дели од работите кои сакате да го направите во моментот и веднаш тргнете во акција.
Не чекајте го вистинскиот момент за да направите нешто, искористете го сегашниот момент и направете го вистински.
Не одложувајте повик, кога сакате да слушнете некого а немате храброст.
Не одложувајте учење за испитите само затоа што ви е страв дека нема да го разберете материјалот пред вас.
Не одложувајте ја прегратката со некого поради таа последна цигара, која мислите дека ќе ви го спласне стравот од одбивање.
Не одложувајте да ја средите вашата соба поради уморот.
Не одложувајте излегување со пријателите поради самотијата и стравот од социјализација.
Не одложувајте да ги остварите своите соништа само поради стравот кој го чувствувате во моментот и мислите дека било кој од пороците може да го убие.
И за крај не одложувајте да му кажете некому дека го сакате само поради таа последна цигара која и сами знаете дека ви е побегнување од реалноста бидејќи не сте храбри да го сторите тоа.
Стравот од непознатото може да го убиете само вие претворајќи го во возбуда.
Да, возбуда која ќе ве тера да го користите секој момент од животот и да го живеете истиот без одлагање на работите, само поради таа оправдувачка цигара или чаша коњак.
Изгаснете ја цигарата и почнете да живеете, бидејќи додека таа догорува исто така исто можеби гори и вашата шанса која ви дава да ги направите работите кои ги одлагате долго време.
Посетено 3.069 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!