Убавината и добрината на пеперутката

Јас и боите, убавината, добрината на пеперутката..

peperutkata-pocetna_majkatiitatkoti..немам намера да објаснувам, како и колку сум воспитана, колкава е мојата добрина и колкава е мојата омраза кон алчноста, злобата, грдоста на злобниот збор..се` што сум направила, сум го направила од срце, полна душа, љубов и искрено..
..имало денови во кои се пронаоѓаш таму каде што никогаш не си се замислувал, имало години кои поминувале како лет на пеперутка над немирна брза вода..сето тоа е убавината на живеењето..се` додека ги имаш боите, еланот, крилата кои те вивнуваат угоре високо и удоле ниско..
..секоја пеперуга е приказна и живот за себе..со своја боја, свој пат, своја игра и сопствено патешествие..ги сакам, напросто ги обожавам!
..не постои пеперутка која ја паметиме по лошо, злоба и грдост..ненаметливи, тие се дар од природата, воодушевување на очите и восклик да убавината, добрината..
..јас и боите, убавината, добрината на пеперутката..

Посетено 1.334 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!