Тортурата е реална – Како е да сте заробени во вашиот ум

Еден од најтешките проблеми со кои сум се соочил до сега, а во последно време повеќе отколку претходно, е наможноста да се усогласам самиот себе со реалноста околу мене. Имам чувство дека ова е чест проблем во денешниов свет во кој сите ние живееме.

Со целата нова технологија и амбициозноста на нашата генерација која постојано расте, поголемиот дел од животот ние го поминуваме во размислување и правење на нешто.

Секој го доживува ова од време на време, но има и такви кои поминуваат повеќе време од просечните луѓе заробени во своите умови. Најчесто таквите луѓе се неверојатно интелигентни, но исто така често знаат да бидат и малку нестабилни.

Живеењето во овој брз свет и одржувањето на правилен начин на размислување може да биде неверојатно тешко.

Понекогаш имаме чувство како да сме заробени во сопстевните умови и немаме идеја како да го пронајдеме излезот. Ќе бидам искрен- тоа знае да биде страшно на моменти.

Губите осет за времето, понекогаш и не знаете кој ден е

Тоа не значи дека вие не гледате или не разбирате дека деновите си минуваат. Само што времето поминало пред вие да сфатите колку многу време поминало.

Кога поголем дел од денот сте заробени во вашиот ум, тешко можете да го забележите поминувањето на времето.

Вие не седите во едно место и само размислувате- вие го планирате вашиот ден, времето на работа, вашиот социјален живот, но сето тоа се случува и останува само во вашата глава.

Се разбира, ова може да биде опасно, бидејќи таквата постојана ротација неизбежно не преморува и исцрпува.

Повеќето луѓе не разбираат дека нашите умови, како и сите други аспекти од нашите животи, треба да се одржуваат чисти.

Ако не го успориме нашиот ум и не ги исчистиме сите оние мисли кои се кријат под површината, не само што деновите ќе поминуваат без ние да забележиме, туку и ќе ги почувствуваме ефектите од таа борба.

Вие сте неверојатен мислител

Не можете да бидете внатре во вашиот ум по цел ден без претходно добро да го подесите вашиот систем за размислување.

Всушност, вашиот ум претставува сложен систем на подесување. Ги подесуваме мислите, сеќавањата, чувствата и се она што не прави луѓе, а потоа бараме начин за да ги поврземе заедно.

Како и за сите други работи, и за размислувањето е потребна пракса. Ако сакате да ја подобрите вашата интелигенција, треба да го вежбате вашиот ум. Во спротивно, ако не го користите вашиот ум, ќе го изгубите. Оние кои сметаат дека е непотребно да го вежбаат својот ум, често завршуваат со страдање од нарушувања како што е деменцијата.

Како и да е, размислувањето може да ви создаде проблеми исто како што може и да биде полезно. Со самото тоа што многу размислувате не значи дека размислувате рационално. Доколку пак сето тоа го помешате со вашите чувства, тогаш можете да бидете неверојатно опасни и за вас и за луѓето околу вас.

Многу добро се познавате каква личност сте

А како не би се познавале кога најголем дел од животот го поминувате пребарувајќи по долапите во вашиот ум?

Вие сакате да ги анализирате работите бидејќи умот служи токму за тоа. Поради тоа што сте егоцентрично суштество, значително време ќе поминете во анализирањето на самите себе и на вашите животи.

Да бидам искрен, нема да имате полза од прекумерното анализирање ако немате искуство. Потребно е да го доживеете животот, со сите подеми и падови кои тој ги нуди со цел да се разберете самите себе и да го разберете вашето место во светот.

Вообичаено сте среќни

Не сте среќни секогаш, бидејќи никој не може да биде среќен постојано во ова време, вие сте среќни вообичаено. Или подобро кажано, вие сте задоволни. Поголемиот дел од времето го поминувате сами со себе, а бидејќи се сакате самите себе, вие сте задоволни од вашиот живот.

Вашиот живот не е мед и млеко, сепак живеете во свет во кој суровоста ве ужаснува, но генерално сте среќни со тоа каква личност сте, кон што се стремите во животот и како го поминувате вашето драгоцено време. Вообичаено.

Секој е малку поразличен од другиот до него.

Во моменти кога животот ви задава удари, станувате чувствителни

Ова се случува во моментите кога запаѓате во неволја. Времето кое го имате за да размислувате и да ги истажувате вашите умови е неверојатна работа, но само ако сте позитивни.

Доколку им дозволите на негативните емоции да превладеат со вас, голема е веројатноста дека вие ќе зачекорите надолу по патеката.

Луѓето кои постојано размислуваат, најчесто се опседнати. Ги преокупираат своите умови со една работа. Имаат способност да се фокусираат на една едноставна работа или личност и да потрошат безбој мисли со само едно нешто на ум.

Лесно е да го задржите правилниот начин на размислување кога вашиот живот се движи по нагорна линија. Но кога е тешко да се пронајде надеж и мотивација, тогаш заробеништвото во умот може да се претвори во тортура.

Можете повеќе да сакате

Можеби тоа не значи дека имате способност да сакате подлабоко, но дефинитивно значи дека можете да сакате поинтензивно. Не значи дека сте опседнати само со малите нешта, истото се однесува и за големите нешта.

Вљубувањето, само по дебе, делумно претставува опсесија. Кога станува збор за љубовта, оние кои се склони да чувствуваат опесднатост, ќе го осетат тоа повеќе пати.

Ова може да биде неверојатна работа, силната и страстна романтична љубов може ви биде незаборавно искуство. Сепак, ако работите тргнат во погрешен правец, дури и ако само мислите дека е можно да тргнат кон лошо, тогаш болката и конфузијата е незамислива.

Истовремено, ако сме доволно мудри и имаме доволно искуство да разбереме дека нашите умови и чувства можат жедни да не пренесат преку вода, во тој случај можеме да ги избегнеме таквите стапици.

Луѓето ве сметаат за осамени, и некогаш навистина ви е преку глава

Вие го сакате времето кое го поминувате сами, тоа е јасно, сепак поминувањето на премногу време сами со вашите мисли прави да чувствувате потешкотии во пронаоѓањето на луѓето со кои треба да бидете.

Потребно е време за да се изгради врска исто како што е потребно време за да се одржи истата. Сите оние кои премногу размислуваат, понаоѓањето и одржувањето на врските не им е секогаш на врвот од приоритетната листа.

Дури и кога сакате да задржите такво другарство, немањето осет за времето и задлабочувањето во својата работа можат да направат да изгледа како да не се трудите, како да не ви е воопшто грижа.

Прекумерното размислување прави реалноста да изгледа не толку реална

Малку е тешко да се преточи ова во зборови. Исто е како да гледате филм, без да обрнувате внимание на него- дури и кога се трудите да обрнувате внимание.

Ако сте склони да поминувате премногу време сами со вашите мисли, надворешниот свет почнува да ви станува излишен.

Дури и кога сакате да се фокусирате на физичкиот свет и сегашните моменти, тешко можете да почувствувате дека сте живи, дека постоите во тој миг.

Ако медитирате и се фокусирате, тогаш комбинацијата од живеењето во вашите мисли и во надвоешниот свет, ќе ви овозможат да создадете неверојатни нешта.

Вистина е дека медитацијата е фокусирањето се задолжителни за секој поединец кој/а се чувствува изгубен/а во своите мисли 90% од времето.

Медитацијата ќе ве приземји и ќе направи да се чувствувате како дел од се она што се случува околу вас.

Одвојте малку време, земете здив и затворете ги очите, или едноставно вдишувајте со светот и на тој начин ќе се почувствувате како дел од светот, а не само некој кој стои и гледа од страна.

Тоа е единствениот начин на кој можете да го одржите вашиот ум чист и единствениот начин да добиете јасна претстава за тоа по која патека во животот треба да продолжите.

Гледате, размислувањето е одлично, само треба да имате работи за кои да размислувате. Треба да ги претворите вашите мисли во дела преку достигнувањето на вашите цели и соништа.

Вашиот ум е прекрасно место, но никогаш не треба да се чувствувате заробени во него. Потребно е да имате врата преку која ќе влегувате и излегувате кога и да посакате.

Посетено 2.555 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!