Топла насмевка
Влегувам во најблиската пиљара
и одма и’ се обраќам на продавачката:
„Добар ден, ми треба една топла насмевка“
„Не продаваме тоа ама има сенф на попуст“
„ама девојко не ми треба сенф,
ми треба обична топла насмевка“
„Па иди кај девојка ти нека ти даде“
„Немам“
„Жена“
„ немам“
„Куче, маче, рипка ,папагал, муви“
„Немам, немам, немам, немам, немам“
„Ајјј, па ти си бил за жалење“
„Не сум само ми треба топла насмевка во моментов“
„Добро купи нешто за 2000 ден јас ќе ти се насмеам“
„Немам, од кај ми толку пари“
„колку имаш?“
„200“
„за тие пари ќе ти упатам топол збор ама без насмевка“
„добро и тоа е нешто, еве дај ми упаљачи за 200 ден
ама сите различна боја“
„е нема толку бои, да ти ги измислам?“
„добро, дај какви имаш“
Ги пакува, ми ги дава
„А топлиот збор?“ – ја прашувам
„Многу е топло надвор“
„толку, тоа е тополиот збор?“
„Па да“
“Зоки, Зоки“ – не’ прекинува мојот лев палец
„ШТОО?“
„ај да си одиме, не добиваш тука ни топол збор ни насмевка
башка имам закажано педикир и маникир“
„како така закажуваша без јас да знам?“
„Спиеше“
„Добро ај, можда таму ќе се пољубезни….уствари
како мислиш да платиш?“
„па ти ќе платиш“
„со кој пари, сите пари ги дадов за упаљачите“
„и сега?“
„сега ќе идам пак да спијам,
можда во сон од некого ќе добијам
топла и искрена насмевка“
Посетено 643 пати