Ти ќе му кажеш на дедо ти шо е ‘Инфра-ред’

Ова се дешава кога беше на мода префрлањето податоци од мобилен на мобилен преку инфра-ред…

Со другар седиме у двор и префрламе некои слики, па ги стругаме телефоните еден од друг.

Дедо ми од спротива цело време снима. По минута време прашува:

-Зашто ги стругате телефоните еден од друг бе, ќе ги расипете!

Јас:
-Стари шо знаеш ти бе, тоа се вика инфра-ред, си имаат сензор телефоните и ги доближуваме за да се префрлат податоци…

Дедо ми:
-Ајде бе мочко, ти ќе ми кажуваш, ние на времето у војска така цигари палевме!!!

Посетено 349 пати