Тебе, во облик на љубов

.

Судбини – предвидени, случајни, намерни,
Случајности – од Господ дадени, или од Ѓаволот измамени,
Во кои да го ставам кафето доцна во ноќта?

Ме изваде од пеколот, тоа е безсомнение,
Ми ги избриша солзите од лицето, и тоа е вистина,
Ми ја исфрли тагата од срцето, еве се смеам,
Се смеам, додека твоите раце ме милуваат,
Се радувам на животот како дете со омилената играчка
Еве скокам од радост, додека в прегратка ме држиш…
Црните мисли ми ги замени со надеж и копнеж,
Кога се всели во моето срце,
Ми ги убеди мисливе, да мислат на тебе, да сонуваат за тебе,
Да те посакуваат,
Тебе, во облик на љубов.
Ми даде живот,
Ми го продолжи векот,
Секој пат кога на срцево ќе му намигнеше…
Животот ми го заслади, небаре коцка шеќер беше,
Ме убеди за еден друг живот,
Ме убеди да секој ден се смеам,
Ме убеди, животот со отворени плуќи да го дишам,
Небаре воздух низ уста во гради ми пушти,
Кога усни со усни ми допре,
Живеам, еј,
Повторно живеам,
Одекнува мојата смеа на сите страни,
И сонцето ја слуша, и тоа со зрак ми намигнува,
Сите бури во срцево ми ги смири,
Затишје во душа ми стигна,
А мислев ќе нема,
А мислев не ќе постои пак,
А мислев, љубов никогаш ќе нема,
А мислев, ама изгледа слабо сум мислела,
Во ноќта од нигде никаде,
Шолја кафе небаре од туѓинец прифати,
Ми забрани за љубов да зборувам,
А како да ме проколна
Неа во твоите очи,
во твојата душа
и во твоето срце да ја видам,
А несмеев,
Ама ми требаше живот,
Ми требаше пак да се смеам…
Добредојдено ми дојде твоето честало од бакнежи,
Не ни сетив, дека олку добро може да ми биде.

Б.Ј.

Посетено 2.475 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!