Тања Здравевска – Мојот 24 Часовен Сон

По неколкугодишна соработка и лична употреба на производите од Словенската козметичка куќа Афродита, како и по неколкукратните професионални и приватни посети на истата во Рогашка Слатина – Словенија, дојдов до идеја на нашава метропола да и понудам една нова димензија во стилот на современото живеење.
Со целосна подршка и инволвираност во планирањето на проектот од страна на нашите словенски партнери- сопственици на козметичката линија Афродита, се роди Privé – не како типичен салон за убавина, туку центар за естетска козметологија, специјализиран за апаративно и препаративно третирање на лице и тело, кој работи по светски стандарди од кои гарантирано се добиваат позитивни резултати за подмладување, подобрување на фигурата и губење на масните наслаги и секако подобрување на сеопштата здравствена состојба на клиентите.
Во еден простор, спој на модерното со традиционалното, медицина со алтернатива, иновација со неинванзивност, наука за убавина и здравје…

Задоволството на моите клиенти е мое лично најголемо задоволство. Индивидуалниот пристап, грижата, посветеноста и сеопштото третирање на клиентите од страна на стучниот тим на Privé, не прави поразлични од сите досега понудени концепти. Тоа подразбира изготвување на специјални програми за нега, третирање и понатамошно следење во решавањето на конкретната проблематика на секој клиент. Со оглед на тоа што располагаме со најсовремена медицинска неинванзивна технологија и препарати на природна основа, навистина има што да се понуди и повеќе од она што е веќе видено во нашиот регион.

Светските трендови налагаат да бидеме секогаш иновативни во нашите услуги, тоа е мојата цел, во која планирам да го развивам центарот и понатаму – наведува Тања Здравевска, сопственичка на Центарот за естетска нега Privé.
Посетено 1.041 пати