Светлана Камџијаш

utrinsko kafe baner CRN tenok

sesi TOP
проф. Светлана Камџијаш – Сеси
Утрото е пукнатина од ноќта што се шири – бел лист што го чека својот шарен цртеж. Вкусот на првото утринско кафе, од кое сум зависник, е условен од она што му претходи. Седнувам крснозе. Исправена, пуштам да дојде чувството на проточност и поврзаност (сводот над мене, земјата под мене и јас во средината). Ги собирам мислите во една светла точка, остра како врв од дијамант – и почнувам да ја цртам скицата на денот, времето, безвременото. Потоа следат: ѕвечкањето на шолјите за кафе, урбаната динамика на скопските улици каде мирисот на бензин и нафта се меша со опјниот мед на расцветаните дрвца, за да дојдам до внимателните очи на моите студенти.
Посетено 3.261 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!