Што се случува на температура од -295 °C?
[fblike]
+20 °C – Грците облекуваат џемпери (ако ги најдат)
+15 °C – На Хаваите си пуштаат греење (ако имаат)
+10 °C – Американците почнуваат да се тресат, Русите сеат пченка
+5 °C – Има „ху“ во воздухот. Италијанските коли не палат. Норвежаните се бањаат надвор. Русите отвораат прозорци
0 °C – Водата во САД мрзне, а само се згуснува во Русија
-5 °C – Француските коли не палат
-10 °C – Почнувате со планови за патување во Австралија
-15 °C – Мачката инсистира да спие со вас во кревет. Норвежаните почнуваат да носат џемпери
-18 °C – Во Њујорк го појачуваат греењето. Русите одат на последниот пикник за сезоната
-20 °C – Американските коли не палат. На Алјаска почнуваат да носат блузи со долги ракави
-25 °C – Германските коли не палат. Повеќето Хавајци се мртви
-30 °C – Политичарите почнуваат да дискутираат за бездомните. Мачката инсистира да ви спие во пижами
-35 °C – Преладно е да се размислува. Јапонските автомобили не палат
-40 °C – Правите планови да одите на топла бања. Шведските автомобили не палат. Заглавуваат гумите на Волвото, Ладата пали и заминува
-42 °C – Замира сообраќајот во Европа. Русите јадат сладолед
-50 °C – Очните капаци ви се заледуваат додека трепкате. На Алјаска, луѓето ги затвораат прозорците од вецињата
-60 °C – Поларните мечки мигрираат на југ
-70 °C – Замрзнува пеколот
-73 °C – Финските специјални служби го евакуираат Дедо Мраз од Лапонија. Русите почнуваат да носат кожни капи
-80 °C – Адвокатите си ги пикаат рацете во сопствените џебови
-114 °C – Етил алкохолот замрзнува. Русите не се многу среќни
-273 °C – Апсолутна нула. Атомите престануваат со движење. Русите ги вадат зимските чизми
-295 °C – Русите признаваат дека малку е ладно и нарачуваат уште една вотка
Посетено 3.014 пати