Што пишувавме на разгледниците од одмор

Некогаш, од информации кои ги споделувавме со другите, и тоа само со одбраните и најблиските, праќавме само една реченица напишана на позадината на картонска разгледница.

razglednice-body-image-1470817603

Моите први букви неумесно ги пренесов на хартија еден врел август 1995-та година, на терасата од хотелот над плажата Паралија.

Тоа беше само еден ден откако стигнавме на море, веднаш по фрлањето на куферите во хотелот трчавме да бараме пошта за да купиме и пратиме разгледници.

Правилото беше да се праќаат првиот, евентуално вториот ден за да стигнат дома пред нас. Смотано и скоро нечитливо напишав: „Морето е сино и солено, а времето е таман“, нацртав бран, ја адресирав разгледницата на баба и дедо и гордо ја вметнав во поштенското сандаче, чувствувајќи се возрасно.

Лижењето на маркицата беше посебно задоволство. Пред интернет ерата, праќањето на разгледници од патувањата и одморите беше задолжителен и омилен ритуал.

Денес социјалните мрежи ни се преполни со морски фотки од пријателите и секој ден добиваме визуелен извештај што некој јадел за појадок, ручек и вечера, каде се бањал и кого сретнал. Сакале или нејќеле.

Некогаш, од информации кои ги споделувавме со другите, и тоа само со одбраните и најблиските, праќавме само една реченица напишана на позадината на картонска разгледница. Тоа беа интимни и вредни моменти, а топлината на ракописот стигнуваше само до оние кои најмногу не сакаа.

Не дека жалам за разгледниците, ама признајте – и вие би седеле со часови да читате „Како супер сме си поминале“.

Ива Параѓанин, Vice

Посетено 2.219 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!