Шпагета со очиња
[fblike]
Се туширам и убаво е чувството
кога капките нежни како памук ти ја
милуваат главата,
ама сега е нешто чудно, некако многу болни се капкиве?
Вртам поглед и гледам РАКА испружена низ
едно дупче од тушот
сака да ми удри чврга.
Го исклучив, се повлече и раката
Хмм што се дешава, не е ваљда да халуцинирам?
Повторно го уклучив, раката пак се појави,
прстите ги намести во „чврга“ поза
ама не и’ дозволив да ме удри
него цврсто ја грабнав и ја повлеков
Влечев можда 5 мин, можда 2 дена ама победив
во таа исцрпувачка битка.
Од тушот извлеков човече тенко колку конец и високо 3 метра.
– а бе што правиш ти во тушов?
– тука живеам
– од милијарда тушеви баш мојот го избра?
– Па така испадна случајно
– ај тоа ама зошто ми маваше чврги?
– Е па досадно ми беше
– е па сега ќе видиш
Го врзав во чвор и го закачив на лустерот во дневна
Многу ми е убав лустерот, од Солун го купив
ама не мрзи сега да го опишувам
– те молам не ми прави вака, ќе умрам ако не сум во вода,
многу сум осетлив на прашина – ме моли човечето
– добро, добро, денес сум расположен, ќе те ставам во вода
Го ставив во експрес лонец, ставив и вода
ама не му кажав дека ќе го уклучам
– а бе отвори топло е, отвориии.. ќе те кажам на мајка ти…
Го отворив, ама после 2 саати
и видов дека е перфектно сварен,
ма прсти да излижеш.
Одлично, сега ќе и’ се јавам на онаа Вале да ја викнам
на ручек, сега ако не ја фатам никогаш нема.
– здраво Вале, што правиш?
– Еве само што се вратив од шопинг,
да знаеш што сум си купила……..
Ја прекинувам после 15 мин. монолог
– ај ако сакаш дојди кај мене на ручек
– а што си спремил?
– пааа нешто како јагула е
– не јадам тоа
– е добро де, човек е
– не јадам ни луѓе
– уствари огромна шпагета е, од 3 метра
– 3 метра шпагета, купечка?
– не ма, сам ја правев
– Одма доаѓам
Одлично, додека да дојде имам време
да се избањам и да нарачам
оригинал Heinz кечап од Америка на eBay
Само што стигна кечапот ете ја и неа
Го поделив човекот-шпагета на пола
и се фрливме на јадење, толку беше вкусен
што во секунда го изедовме
– еј супер, фала ти на шпагетата
ама како да видов
некакви очиња дека јадеш?
– а па да, сакав да направам видовита шпагета,
ја терав да научи да гледа во дланки и грав
ама не научи, затоа ја сварив
– паметно си и’ направил,
него џабе ми се пушташ цело време,
многу си ми мил ама многу голем хуманист си,
тоа ти е лоша особина,
не треба толку да ги сакаш луѓето,
треба малце и на себе да мислиш
а не само да им го правиш ќејфот на другите
– ама не сум таков…
– Ај чао, ако се смениш јави ми се
Еј каква корпа ми мавна, ама се зезнала,
немам ни „Х“ од хуманист.
Сега ќе напишам „се издава“ на едно ливче
и ќе го бутнам во тушот,
се надевам ќе се појави друго човече
и тогаш пак ќе ја викнам
да види дека маркиз Де Сад е мало дете
за мене, пред неа од човечето
прегорен кадаиф ќе направам
Посетено 801 пати