Со болка до позитивни мисли?
Колку пати негативните мисли биле причина за вашето нерасположение и меланхонија која ве фрла во црната дупка на депресијата?
Сигурно многу често, бидејќи и вие сте човек.
Обичен човек како и сите други, а знаете дека луѓето тешко се борат во битката со негативните мисли кои ја скратуваат среќата, ноостои лек за тоа, секако доколку сакате да се излечите.
Сте слушнале за поговорката – “Болка, сузбива болка”?
Кога подобро ќе размислите, сфаќате дека постои некоја вистина во оваа поговорка.
Голема вистина која ќе ви помогне да ги вратите позитивните мисли во моментот кога негативните сакаат да ги избркаат од вашата глава.
Негативните мисли често предизвикуваат болка, можеби не физичка, но душевна неминовно.
А веќе знаете дека плус и минус се привлекуваат, па тогаш искористете ја оваа информација!
Душевната болка која ви ја предизвукуваат негативните мисли, сузбијте ја со физичката болка.
Не се работи за сечење на вени или палење на клада, се работи за еден мал трик кој гарантирано ги отстранува негативните мисли.
Земете го палецот и показалецот од било која рака.
Зближете ги еден со друг како кога посолувате сол. Сега ноктот од палецот забијте го во живецот на показалецот.
Доколку сте го сториле тоа во истиот момент сигурно не се сеќавате на ниеден збор кој сте го прочитале пред малку.
Истото направете го со негативните мисли. Кога ќе ги чуете нивните чекори кон вашата глава, веднаш изведете го овој метод за нивно отстранување.
Звучи како реклама на средство за дезинфекција, но наместо за дезинфекција на бактерии ова средство е ефикасно за отстранување на негативните мисли.
Испробајте го овој метод, бидејќи нема што да загубите доколку го направите тоа, освен негативните мисли.
А ќе добиете многу, среќа произлезена од болка, болка која е неспоредлива со таа што можат да ја предизвинаат негативните мисли во вашата глава.
Сигурно досега сте го испробале методот, има ли ефект?