Балканец си!


– Ако можеш секогаш наново да ги гласаш оние кои самиот ги плукаш…
– Ако можеш за се и сешто преку ред да одиш и врски да бараш…
– Ако можеш да молчиш за големи работи, а да дигаш џева за ситници кога најмалку треба…
– Ако можеш без срам да станеш се она што не си сакал твоите политичари да бидат, кога ќе седнеш во нивната фотеља…
– Ако можеш очи некому да извадиш за обична кавга, ќош од двор, парче нива, додека вода во очи немаш…
– Ако можеш рака во оган да ставиш за прв пријател, другар, колега…
– Ако можеш да живееш во туѓите животи, а туѓото да ти е секогаш послатко од твоето…
– Ако можеш да се смееш и кога ти е тешко и кога не ти е, и на твоја и на туѓа сметка…
– Ако можеш да почнеш граѓанска војна затоа што не ти се бендисува верата на комшијата…
– Ако можеш да му пружиш рака и да го гушнеш истиот тој комшија откако ќе заврши војната…
– Ако можеш да го поседуваш најскапиот ајфон, компјутер или брендирана облека, иако земаш само 300 евра плата…
– Ако можеш истите тие 300 евра на почетокот од месецот да ги фрлиш за да частиш у кафана…
– Ако можеш да испиеш буре вино или пиво и да лумпуваш без страв додека седиш на буре барут…
– Ако можеш кај и да си, за овде да плачеш и тука кај што се живее бедно сепак да сакаш да се вратиш…
Балканец си!

Посетено 455 пати