Скулптурите На Пикасо Во Музејот На Модерна Уметност Во Њујорк

[fblike]
Креативна потрага….
pocetna-picasso_majkatiitatkoti
Ретроспективата во музејот МоМА ќе ви ги доближи вајарските
дела на Пикасо, како и техниките и субјектите…  
Изложбата насловена “Пикасо Скулптура” беше поставена со цел публиката да се фокусира на овој голем уметник како скулптор. За прв пат по 50 години, неговата работа е изложена на едно место. Кураторот имал на ум, не само да ги собере неговите дела туку и да ги покаже сите фази на потрагата на уметникот како уште една можност со која се изразил покрај сликарството. Овој вид на уметност за него имал многу личен и експериментален статус.

vnatresna-picassso_majkatiitatkoti

Оваа ретроспектива опфаќа период од 60 години и претставува стотина дела вклучувајќи големи и мали скулптура од резбарено дрво, бронза, гипс, па дури и ѓубре со што ја покажал неговата исклучителна генијалност. Неуморно бил во потрага по нови материјали и предмети. Секоја просторијаа во музејот кажува друга приказна. За разлика од неговите колеги, Пикасо се свртел на различни стилови, во зависност од периодот во кој што ги создавал. Колку бил развиен неговиот талент се гледа на самата изложба која е отворена во МоМА во Њу Јорк до 7. фебруар.

posledna-picasso_majkatiitatkoti

 

Посетено 613 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!